Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаревски: Законот за свиркачи не е приоритет за Владата

0
By Нова ТВ on June 18, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 18, 2018 15:03

Ексразузнавачот Ѓорѓи Лазаревски, кој беше свиркачот кој ја откри аферата со масовното незаконско прислушување од страна на УБК во претходната власт смета дека оваа Влада не го смета Законот за укажувачи како приоритет.

Тој на денешната трибина „Две години од неприменувањето на Законот за укажувачите“, во организација на НВО Инфоцентар, говореше за тоа како го спеовеле целиот тој процес заедно со Ѕвонко Костовски.

– Во 2010 година, кога со колегата Ѕвонко Костовски решивме да станеме укажувачи, немавме институција на која да и се обратиме, затоа што немаше закон за укажувачи. Баравме личност и се одлучивме тоа да биде екс директорот за безбедност и контрараузнавање. На тој човек му ги предадовме материјалите, но и нашите судбини и судбините на нашите семејства, а можеби и судбината на нашата држава. Ние се грижевме материјалите да бидат квалитетени и да може да послужат за судска разрешница, рече  Лазаревски.

Лазаревски кој и натаму е без работа и за него засега не се отворени вратите да се врати назад на старото работно место, вели дека никогаш не се сретнал со Зоран Заев, односно одлуката нему да му се предадат бомбите била на поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски.

Случајот прво бил пријавен и во МВР откако виделе како нивниот соработник е уапсен заедно со целото семејство.

– Бев 12 часа во МВР, по што добив притвор. Во МВР кажав дека обвинувањето на нашиот колега за шпионажа е неправилно и дека е обезбедено од Петтата управа од незаконско следење на материјали. Тоа наше пријавување и спогобата што ја направи Ѕвонко Костовски, а која според мене беше мудра, доби меѓународна поддршка. Тоа беше нотирано и во Извештајот на Прибе. Звонко е јунакот на Македонија кој ги обезбеди бомбите. Алтернативата беше да се обвини СДСМ за злосторничко здружување. Имаше обвинение кон фиктивен странски фактор. Обвинителот Златко Биковски се израдува кога му реков дека ќе ја прифатам спогодбата. Дури облече и тога. Кога отидовме кај судијата на претходна постапка реков дека не ја прифаќам спогодбата зашто обвинителот ме тера да прифатам туѓо кривично дело, рече Лазаревски.

За тоа како „бомбите“ дојдоа до јавноста, тој вели дека неговото УСБ со копии од прислушуваните разговори ги дал и на јавен обвинител, а бидејќи од МВР и обвинителството немало соодветен одговор, потоа било одлучено бомбите јавно да се обелоденат и е стапено во контакт со Зоран Заев.

Она што за јавноста во најголем дел е непознато, како тие документи биле изнесувани од МВР во време кога претходната власт имала строга контрола, посебно врз овие служби.

Лазаревски вели дека само мал дел од прислушуваните разговори, можеби 2 или 3 проценти, се изнесени од УБК

–Можеби не се тоа два проценти, можеби се 0,2 проценти, или 10 проценти од нелегалните прислушувања, но ги имаше многу. Особено е чудно што пет години се прислушувала министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Инаку министерот за финансии Зоран Ставрески не е прислушуван, рече Лазаревски.

-Ги вадевме материјалите внимателно. Копии правев јас. Ги подававме на УСБ  во ходник на разминување. Бевме безбедни зашто никој не се посомнева во нас. Во УБК имаше луѓе кои знаеја за прислушувањето, правеа транскрипти, а не пријавија. Уште во 2008 година дознав дека се прислушува, но тогаш оганот беше помал. Не смее УБК да биде надзорот на прислушувањето, тоа треба да биде ОТА, објасни Лазаревски, кој работел како инженер во МВР.

бмби Ѓорѓи Лазаревски Закон за укажувачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.