Полицијата во Париз ја прекина големата акција, откако се испостави дека наводите за заложничка криза во мала црква во центарот на градот биле лажна тревога.
Француската полиција претходно почна голема акција по информации дека во црква во Сент Дени се наоѓаат заложници и дека дошло до престрелка. Но, акцијата е запрена.
Силни полициски сили ја опколија црквата, но полицијата се уште официјално не се огласила на наводите на медиумите.
На друштвените мрежи се проширија фотографии и снимки на кои се гледаат полициски сили и хеликоптери.