Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажни архитекти ги убедувале центарци дека референдумот за ГТЦ е нелигитимен

0
By Нова ТВ on April 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2015 14:06

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, денеска го осудија обидот, за како што велат, на ВМРО- ДПМНЕ да го саботира референдумот за ГТЦ.

Во текот на вчерашниот ден, соопшти Жерновски, голем број граѓани на Центар пријавиле дека биле посетувани од активисти кои лажно се претставувале дека се членови на невладино здружение на архитекти и ги лажеле граѓаните дека референдумот во недела е откажан, дека е невалиден или нелегитимен.

Лажните активисти според пријавите на граѓаните не биле од Скопје, туку биле носени од други градови.

Павловска денеска потенцираше дека единствена легитимна организација на архитекти во Македонија е Асоцијацијата на архитекти.

– Се работи за срамна злоупотреба на овие луѓе за политички цели и спречување на легитимното право на граѓаните на Центар да излезат на референдум и да одлучат каков ГТЦ сакаат, оној во барок и стиропор или ГТЦ со автентичниот изглед, реконструиран и разубавен, рече Павловска.

Според Жерновски пак, ВМРО ДПМНЕ не ја научиле лекцијата со Пустец, а до граѓаните апелираше да не наседнуваат на манипулации.

– ВМРО- ДПМНЕ не ја научи лекцијата со Пустец. Сака со иста стратегија на лажење на центарци да го саботира референдумот за ГТЦ. Оваа нивна стратегија е лоша. Апелирам до сите граѓани на Центар да не подлегнуваат на вакви провокации и манипулации и масовно да излезат на референдумот во недела. Особено им порачувам на сите активисти и членови на ВМРО- ДПМНЕ од Центар да излезат и да гласаат за себе и за ГТЦ. Посебни притисоци има кон оние што работат во јавната администрација и затоа им порачувам да дојдат во недела бидеќи на ГТЦ му треба нивната поддршка, рече Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.