Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажните донатори да се жалат кај оној кој ги злоупотребил

1
By Нова ТВ on May 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2016 14:01

По објавувањето на текстот на НОВАТВ „Донации во ВМРО ДПМНЕ: Фиктивни донатори и сиромашни службеници“ во понеделник, 23 мај, доцна вечерта, истовремено реакции пристигнаа од актерот и директор на Драмскиот театар Роберт Вељановски, актерката Арна Шијак и пратеникот Андон Чибишев.

Вељановски, истиот ден во разговор со НОВАТВ (емаил преписка) тврдеше дека тој не донирал 1,000 евра за ВМРО ДПМНЕ во 2015 откако НОВАТВ го истражуваше списокот со донатори којшто партијата го доставила кај Државниот ревизор и го пронајде и неговото име. Вељановски во неговиот емаил до нас го напиша следново:

Единствената моја донација во 2015 година е од хуманитарен карактер и изнесува 3000 денари. Ви праќам и скен од документот со кој е извршена уплатата. Те замолувам хуманитарната донација да не ја објавуваш, затоа што лично имам убедување дека ако помагаш во хуманитарни цели, не треба да се фалиш со чинот, а и не е коректно кон оној кон кого е упатена донацијата.

Значи, конкретниот одговор на твоето прашање е – Не, во 2015 не сум донирал средства за ВМРО – ДПМНЕ!
По објавувањето на сторијата, истата  вечер тој испрати нов емаил со следнава содржина:
Со оглед на тоа дека споменатата донација е на почетокот на годината, а во интерес на точното информирање, сосема сум ја изумил. Сепак, станува збор за повеќе од 12 месеци.
Да, има моја донација за ВМРО ДПМНЕ со наведениот износ!
За потсетување, донацијата на Вељановски во списокот на ВМРО ДПМНЕ е заведена на 27 октомври, а не на почетокот на 2015 година.
Вељановски е единствениот кој се премисли за својата донација, но реакции имаше и од другите донатори. Хирургот Никола Груев следниот ден се јави во нашата редакција да не извести дека се сетил оти по проверката на неговата документација утврдил дека во април минатата година донирал 40.000 денари. Арна Шијак и Андон Чибишев во истовреме со Вељановски реагираа на објавата на текстот. Чибишев само додаде дека заборавил да спомене дека донирал и во 2014 (претходно изјави дека последен пат за ВМРО ДПМНЕ донирал во 2011) и за волја на вистината не бараше никакви интервенции во текстот ниту негираше факти или, како Вељановски, сопствената изјава.
Една од посликовитите реакции пристигна од актерката Арна Шијак. Таа останува на својата изјава дека не донирала и не знае зошто е на тој список, но смета дека редакцијата на НОВАТВ ја злоупотребила за пресметки.
Имам една молба… Малку сум ненавикната да бидам споменувана во контекст поинаков од оној каде најмногу придонесувам – уметничкиот, кој истовремено го претпоставува и мојот ултимативен општествен влог, и, личниот, кој секогаш претпоставува драговолна размена. Затоа, би замолила да не се злоупотребува моето име во полза на ежедневни банални пресметки.
Редакцијата на НОВАТВ жали ако Арна Шијак се чувстува злоупотребена во „ежедневни (превод од бугарски: дневни) банални пресметки“, но адресата за вакви поплаки сепак не е НОВАТВ.  НОВАТВ не го стави нејзиното име на списокот со донатори туку тоа го направила владејачката партија. Нашиот ултимативен општествен влог го претставува откривањето на вистината и аномалиите во функционирањето на институциите и на оние кои носат одлуки во име на граѓаните на Република Македонија. Жалиме што почитувана уметница истражувањето на НОВАТВ кое се однесува на една горлива тема како финансирањето на политички партии го смета за банална пресметка.
Доколку таа или бил кој граѓанин кој се наоѓа на списоците за донации на ВМРО ДПМНЕ смета дека податоците коишто до Државниот завод за ревизија се доставени се неточни тогаш споменатите имаат граѓанска одговорност и обврска да се обратат до институциите и да пријават злоупотреби, но и да побараат објснување од потписникот на извештајот, господинот Емил Димитриев, актуелен премиер и генерален секретар на партијата.
Редакција на НОВАТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.