„Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не кажува дали, како и за другите граѓани, така и за лицата од Пустец, Албанија, била испочитувана во целост процедурата за добивање жителство и лична карта, бидејќи со валидни документи како граѓани на Центар гласаа на локалните избори“, изјави на денешната прес- конференција, Роза Топузовска-Каревска Либерално демократската партија.
„Ја потсетуваме министерката, која сега од оваа позиција може да ја избегне одговорноста, дека изборниот фалсификат е кривично дело кое не застарува, наредбодателот и извршителите кога и да е, ќе одговараат пред Законот, изјави на денешната прес- конференција, Роза Топузовска-Каревска.
Нема ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето за гласачите од Пустец.

