Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛДП: Каде исчезнаа милионите од ИПА-фондовите ?

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2013 15:06

На 17 јули 2006, Советот на Европската Унија ја усвои Резолуцијата бр. 1085/2006 со која беше воспоставен Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на државата-кандидат Република Македонија. Со овој чин, Република Македонија доби пристап до сите ИПА компоненти, што беше едногласно поддржано и од страна на Либерално-демократската партија.

Овие средства се наменети да се исполнат пристапните критериуми од Копенхаген во смисла на воспоставување стабилни институции кои ке ја гарантираат демократијата и владеењето на правото, пазарното стопанство, руралниот развој, развој на земјоделието итн.

Оваа година завршува циклусот на ИПА 2007-2013, период за кој ЕУ издвои просечно меѓу 85 до 90 милиони евра. За жал, само една третина од овие средства беа искористени во изминатите шест години. Неодамна, ИПА на РМ и додели 595 милиони евра за следниот шестгодишен циклус.

Либерално-демократската партија ја поздравува одлуката на ЕУ, но едновремено го прашува Премиерот Груевски, чие владење со државата коинцидира со споменатиот прв циклус на ИПА-1 фондовите:

-Во доменот на демократијата, функционирањето на институциите во прв план судството, владеењето на правото, не само што не беше постигнат напредок туку може да се констатира огромно назадување.

-Во доменот на земјоделието, и покрај просечните 40-50 милиони евра годишно, земјоделието не регистрира некој повпечатлив прогрес. Напротив, и покрај огромните средства порастот на земјоделието во 2012 во однос на 2011 достигна 1 % , додека порастот на земјоделието во 2013 во првите два квартали во однос на претходната година е 0,7% .

Слични се и поразителните опаѓања на учеството на земјоделието во БДП, кои бележи стапка на пад од 1% просечно во последните 3 години во однос на останатите сектори.

Либерално-демократската партија го прашува Премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделие , шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, каде исчезна ефектот на овие огромни средства и зошто главни корисници на истите беа главно луѓе блиски во власта.

Голем број на земјоделци се незадоволни од начинот на расподелбата на средствата и на разните форми на протекција, неправди и уцени на земјоделците при процедурата на доделување на ИПА-средствата. ЛДП предлага целосна транспарентност во дадените средства, деполитизација и отстранување на партиската дискриминација при доделување на средствата на ИПА-фондовите.

Воедно ЛДП предлага надминување на непотизмот меѓу првите луѓе на Министреството за земјоделие и Агенцијата за финансиска помош на земјоделието и руралниот развој, како и побрз и поодговорен однос кон подносителите за добивање средства од ИПА-2 програмата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.