Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите од Ало докторе девет месеци работат без пари

0
By Менче Атанасова Точи on September 12, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 12, 2018 16:15

25 лекари специјалисти кои одговараат на телефонските повици на Ало докторе, девет месеци работат без пари бидејќи од декември минатата година Министерството за здравство не им исплатило ниту денар.

Станува збор за специјалисти од кои 2/3 се вработени во Здравствениот дом, а 1/3 се пензионирани лекари кои веќе четири години се ангажирани на проектот Ало докторе, воведен во време на поранешниот министер Тодоров. Лекарите кои се обратија во редакцијата на НОВА, тврдат дека од 31 декември минатата година работат без пари, дежураат преку ден и ноќе и сето тоа без надомест за кој склучуваат договор секој месец.

„ Ние работиме без пари девет месеци, работиме по 4, 6, 8 или 10 часа во ноќните дежурства. Имаме неделно по 5000 јавувања,а во текот на летото и по 10 000 јавувања од граѓани. Немаме информација дали овој проект ќе продолжи, ниту дали ќе ни бидат исплатени средствата  за сите овие месеци“, велат за НОВА лекари кои се ангажирани да работат на проектот Ало докторе.

Лекарите велат дека тројца нивни претставници пред два месеца биле кај директорот на Здравствениот дом Скопје, Злате Мехмедовиќ  и му однеле писмо со потписи од сите лекари во кое бараат да се реши проблемот.

„Тој ни рече дека само треба административно да се решат работите за да се продолжи со проектот, но од тогаш поминаа два месеца и немаме никаков одговор, ниту пак ни се исплатени парите “, велат лекарите.

Во Министерството за здравство за НОВА потврдија дека согласно предвидената програма, проектот “Ало докторе“ официјално завршил на 31.12.2017 година. Но, земајќи ја во предвид потребата на граѓаните да имаат можност да се обратат за медицинска консултација, различна од итната медицинска помош, проектот е продолжен. Од овие причини, Министерството за Здравство планира да продолжи со реализација на проектот во следниот период.

На прашањето дали на лекарите кои се ангажирани со овој проект ќе им бидат исплатени средствата бидејќи изминатите девет месеци работеле без пари и дали ќе им бидат продолжени договорите, од Министерството со одговор дека во Буџетот за оваа година не биле планирани средства за оваа намена бидејќи проектот завршил на крајот на минатата година.

„Земајќи во предвид дека проектот е планирано да заврши на 31.12.2017 година, во Буџетот за 2018 година не биле предвидени финансиски средства за ангажираните лица кои работат на проектот “Ало Докторе“. Од таа причина, Министерството за Здравство презема соодветни активности и прави напори, преку внатрешна пренамена, да се обезбедат финансиски средства за исплата на ангажираните лица која ќе се случи во текот на месец октомври, за извршената работа од 01.01.2018 година“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Неофицијално, со самото ова дека ставката за исплата на средства за Ало докторе била избришана од програма „Здравје за сите“.

Нејасно, е зошто девет месеци лекарите биле оставени да работат без пари и никој досега не ги известил дали проектот ќе продолжи, се додека тие не реагираа преку НОВА.

По ова, се поставува дилемата, дали министерот Филипче требаше да донесе одлука за продолжување на проектот  и да почне да бара начин за исплата на финансиските средства, токму сега откога лекарите реагираа јавно.

Инаку, од Министерството за здравство работата на проектот Ало докторе ја сметаат за успешна бидејќи, како што велат, „граѓаните имаат бенефит, особено заради фактот дека голем дел од повиците ја релативизираат работата на службата за Итна Медицинска Помош, односно, со јавување на “Ало Докторе“ се решаваат дел од здравствените дилеми и прашања на граѓаните“.

Лекарите кои работат на проектот велат дека со јавување на граѓаните на Ало докторе им е олеснета работата на службата за Итна медицинска помош бидејќи тука,  освен за здравствената состојба во моментот добиваат совети и како да постапат понатаму, во која болница да се обратат, како да го направат тоа.

Тие велат дека граѓаните најмногу се јавувале поради проблеми со висок крвен притисок, разни вирози и стомачни вируси, температура, при што во разговор со лекарите добивале соодветни совети.

Ало докторе се наоѓа во зградата каде што е Итната медицинска помош.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.