Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарка од Струга 8 години бара работа, а државата има недостиг од доктори

0
By Менче Атанасова Точи on July 17, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сања Ѓоревски од Струга осум години бара работа како лекар и никаде не ја примаат. Оваа 34 годишна лекарка од 2011 година до сега се пријавувала за работа на сите конкурси( вкупно осум во Струга и Охрид), но секаде била одбиена без никакво образложение.

„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена  без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави за НОВА, Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје.

Сања Ѓоревски, лекарка

Сања е една од одбиените кандидати на последниот конкурс во Општата болница во Струга, заедно со уште еден нејзин колега со кого работат во истата болница по Договор на дело од минатата година. На огласот беа примени 10 лекари, од кои седум што работеле по Договор на дело како неа и тројца штотуку дипломирани кои волонтирале во болницата во последните 3-4 месеци.

„Иако бев на првите места на ранг листите никогаш не бев избрана. Така е и на последниот оглас во болницата во Струга од 11.07.2019 год. Од вкупно 10 избрани доктори, иако бев осма на ранг листата и овој пат не бев избрана, а работам со Договор на дело во истата болница. Наместо да се изберат првите 10 кандидати од ранг листата избран е дури последниот кандидат , 23 -тиот по ред на листата“, вели оваа лекарка.

Сања вели дека во изборот на кандидати не одлучува директорот ниту посебна комисија, туку локалните партиски моќници. Револтирана е на тоа како се делат местата, а за себе вели дека не е член на ниту една партија и заради тоа не може ад се вработи.

„ Како е можно 8 години лекар да не може да најде работа? Моите колеги со кои заедно дипломиравме и заедно конкуриравме на огласот за доктори во Општата болница во Струга во 2011 година беа примени, специјализираа и се вработени како специјалисти во Струга, а јас сеуште не можам да се вработам, затоа што не сум член на политичка партија“, вели Сања Ѓоревски, лекарка.

Последниот конкурс во струшката болница што беше затворен на 11 јули,  а за кој директоторот Муамед Асани рече дека сам го направил изборот на примени кандидати, всушност не бил распишан во февруари како што посочи тој, туку на 28 декември минатата година. Конкурсот се развлече 7-8 месеци за одлуката кој да биде примен е донесена во еден ден.

Ова го потврдија и други кандидати кои се пријавиле за други работни места во болницата, кои велат дека претходно во октоври минатата година бил распишан оглас кој бил поништен на 26 декември за потоа да биде распишан нов, два дена подоцна.

Во Министертвото за здравство молчат за случајот со невработената лекарка, а не го коментираат ниту конкурсот во струшката болница.. НОВА праша како е возможно во ситуација кога има дефицит на лекари, Сања Ѓоревски да не може да најде работа цели 8 осум години, но од таму не добивме никаков одговор. И покрај потсетувањето дека чекаме објаснување за сторијата да биде објавена, од ресорното Минитстерство веќе три дена нема никаков одговор.

Струшката болница ги проби сите рокови со конкурсот на кој беа избрани 10 лекари, 6 медицински сестри, двајца фармацевти и исто толку лаборанти во високо образование и по еден биохемичар и техничко медицински лице.

Медицинската сестра Соња Кочоска која 17 години не може да се вработи веќе поднела жалба за да се поништи конкурсот бидејќи е пробиен рокот од 45 дена. Кочоска работела со Договор на дело во Здравствениот дом во Струга, но кога после две години завршил договорот и не и бил продолжен договорот, на работа биле примени 10 нови медицински сестри.

Соња Кочоска, медицинска сестра

Таа е револтира бидејќи на овој оглас во струшката болница е високо на ранг листата, а не е примена на работа. Кочоска прашува дали има правда во државата и како може огласот да трае од декември минатата година и да биде регуларен.

„ Јас поднесов жалба бидејќи не е земена во обзир ранг листата при избор на кандидати за што беше спроведено и квалификационо тестирање. Дополнително на тоа двајца од кандидатите се од иста група што се коси со правилникот за избор. Огласот треба да се поништи бидејќи рокот од 45 дена е пробиен“, вели Кочоска.

Директорот Муамед  Асани минатата недела за НОВА изјави дека самиот тој донел одлука кој ќе биде примен и дека конкурсот е конечно затворен. Објасни колку кандидати се примени и не сакаше повеќе да коментира за огласот.

Во државата во моментот недостасуваат околу 700- 800 лекари специјалисти од разни области и има потреба од многу млади лекари, но вработувањата и понатаму остануваат проблем.

Бранот на масовен одлив на лекари во приватните болници, а потоа и во странство започна во 2010 година и во последните 2-3 години доживеа кулминација. Младите лекари, како и медицинските сестри уште во текот на школувањето учат германски за да заминат на работа во некоја од земјите во Европа, најчесто Германија.

Иако во Министерството за здравство најавија стимулативни мерки, видно разочарани младите лекари немаат инстерес да останат во државата. Причина се ниските плати, лошиот  третман од државата и условите за работа, работа со Договор на дело без платени придонеси, како и партиските вработувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.