Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора пред избори со турбуленции и пресметки кон лекари

2
By Менче Атанасова Точи on March 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 21, 2017 10:06

Лекарската комора на РМ цела година ги одлага изборите за нов претседател, а за тоа време незаконски направила нов статут, правилници и закон, тврди за НОВА, Лилијана Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари.  Таа вели дека со новиот статут кој е изгласан набрзина, мандатот на претседателство е неограничен наместо со два мандата како до сега. Статутот забранува во извршните тела да членуваат претседатели на лекарски здруженија, кои се всушност најинформирани за витални прашања на лекарите од внатрешноста. Таа побарала  отчет и транспарентност во деловниците кои ги прогласиле за тајна, по што и биле затворени вратите на комората.  Но, конфликтот избил кога реагирала на масовните вработувања на блиски роднини на првиот човек на комората и неговите заменици, вели Чолакова Дервишова. По ова таа била дадена на судот на честа, по што следувала и тужба.

„Со новиот статут се сменија работите во нивна корист, наместо најмногу два мандати направија да бидат доживотни. Статутот го донесоа со 27 гласа од 60 и повеќе. Донесоа партиски војници за да гласаат. Цела година бараа и избираа која осигурителна компанија ќе ја земат за осигурување од професионални грешки, а знаеме зошто го прават тоа. Пред една година почнаа да примаат нивни блиски роднини, ќерки, внуци, сопрузи кои никој не знае што работат. Наместо да вработат лекари тие вработуваат луѓе со земјоделски факултет. Ме дадоа на судот на честа со цел да ми ја одземат лиценцата за работа“, изјави за НОВА Чолакова Дервишова.

Образложението било дека кажувала детали во Фондот за здравство, иако како што вели Чолакова Дервишова има право да преговара како легитимен член на извршниот одбор на Лекарската комора. Пред некој ден и таа и уште двајца други лекари поднеле тужба до комората. Таа вели дека раководството чека да се смени власта, а во меѓувреме работат за  нивни лични интереси и затоа развлекувањето на изборите трае толку долго. .

По реакциите и притисоците од лекарите во државата изборите ќе се одржат на 6 ти април. До 20 март треба да се изберат делегати  од цела држава кои ќе гласаат.

Претседателот на лекарската комора Кочо Чакаларовски кој веќе е пензионер вели дека развлекувањето  изборите е заради измените кои морале да ги направат.

„Целата работа се развлече заради донесување на нов статут , а се чекаше и новиот Законот за доктори. Точно е дека со новиот статут, ако некој има раководна функција не може да биде член на извршниот одбор. Немам одредено мислење за Чолакова Дервишова , но знам дека изнесуваше и пренесуваше работи во Фондот за здравство“вели Чакаларовски.

Од друга страна пак професорот на правниот факултет Борче Давитковски е дециден дека кога ќе помине мандатот немаат право да носат правилници и статути бидејќи тоа не е законски.

„Немаат мандат да носат статути, правилници и закони, не е легитимно, не е законски, освен ако побарале продолжување на мандатот но и за тоа треба нови избори“, вели з а НОВА Давитковски.

Чолакова Дервишова тврди  дека нема таква одлука на Извршен одбор. Таа обвинува дека Лекарската комората му служи на Министерството за здравство. Како пример го посочува фактот што комората  му префрлила 240 000 евра сопствени средства на Министерството за здравство за фантомите(куклите) на кои вежбаат студентите, нешто што треба да си го плати министерството по одлуката која ја донесе министерот Тодоров.

По сите турбуленции , тужби и тешки обвинувања останува да се види како ќе се одвиваат изборите на 6 ти април. Ќе има ли притисоци, кој за кого ќе лобира.  Едно се знае, пресметки со не истомисленици, немало од постоењето на Лекарската комора до денес.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.