Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора реагира на зачестените напади од пациенти врз докторите

0
By Менче Атанасова Точи on June 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2014 16:04

Лекарската комора на Македонија најостро реагира и ги осудува се почестите вербални и физички напади на докторите на нивните работни места и укажува дека неодамнешните инциденти во Клиничата болница Тетово и Штип, се само дел од насилството над докторите кои ја вршат својата професија одговорно, стручно и етички, се вели во реакцијата од Лекарската комора.

Во изминатите неколку месеци во Лекарската комора биле доставени повеќе дописи од доктори во кои тие известуваат дека при укажување на здравствена заштита на своите работни места се почесто се напаѓани како вербално, така и физички од страна на пациентите или нивните најблиски роднини.

– Комората уште еднаш укажува дека со насилството над докторите на медицина им се нанесува голема штета и на самите пациенти, а како професионална асоцијација, апелираме до здравствените власти и директорите на здравствените установи да преземат дополнителни мерки и активности со кои на докторите ќе им се обезбеди соодветна заштита и услови за нормална работа,реагира доктор Џабир Бајрами потпретседател на Лекарската комора.

Од комората потенцираат дека ваквите случаи се многу почести отколку што се зборува за нив, а секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот и здравствениот систем во целина.

Во Лекарската комора сметаат дека докторите треба да имаат посебен статус кој треба законски да се регулира, со кој ваквите инциденти нема да се третираат како обични конфликти и напади.

Неопходна е посебна правна рамка со која ќе се обезбеди поголема заштита на докторите и здравствените работници при укажувањето на здравствената заштита велат во комората.

НОВА пред неколку месеци информираше за напад на лекарка специјалист на Клиниката за гастроентерохепатологија, а на вакви напади често се жалат лекарите кои обично работат на ноќните дежурства, особено во ургентните служби.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.