Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летна фасадата на МЕПСО, Шилегов најави одговорност за лудилото Скопје 2014

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Силниот ветер кој синоќа дуваше во главниот град откорна дел од фасадата на МЕПСО. На социјалните мрежи утрово градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, сподели фотографии со коментар дека проектот „Скопје 2014“ е небезбеден за животот на граѓаните.

„Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило“, порача Шилегов, нагласувајќи дека освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето.

Фасадата на МЕПСО со столбови во антички стил и нов покрив чинеше 11 милиони евра. Изведувач на фасадата беше „Бетон Штип“, а автор на проектот „Неимар инженеринг Скопје“.

Ветерот го откорна и покривот на Средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“. Шилегов споделувајќи фотографии објави дека кровот на Хемиско е реконструиран во 2009 година, кога министер е Никола Тодоров и тоа од страна на министерството.

„Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава. Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што богами, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече …“, рече Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.