Избегнувајте подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носете лесна и светла облека, консумирајте лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, хроничните болни редовно да ја земаат пропишаната терапијата.
Ова се препораките од надлежните по прогнозата на метеоролозите дека во наредните два дена Македонија ќе ја зафатат горештини односно ќе ја дефинираат жолтата фаза.
Од денеска температурата во земјава ќе се движи од 22 до 33 степени, а во Скопје температурата ќе се искачи до 32 степени. Ќе дува и слаб умерен ветар од јужен правец, а УВ-индексот ќе биде околу 7.
Максималните температури во Скопје ќе бидат 32 Целзиусови степени, Гостивар 31, Дебар 29, Маврово 23, Тетово 30, Куманово 32, Виница 31, Свети николе 33, Гевгелија 34, Демир Капија 34, Берово 29, Струмица 32, Крушево 24, Охрид 26, Преспа 27.
Комисијата за климатски промени при Министерството за здравство за четири од вкупно шест региони во земјава прогласи жолта фаза.
Во пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион температурите ќе бидат пониски и се во зелена фаза.