Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Ако се фер, изборите на 5. јуни ќе значат крај на автократскиот режим

0
By Нова ТВ on February 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 24, 2016 16:39

Партијата Левица смета дека одложувањето на изборите за нешто повеќе од еден месец не дава никакви гаранции дека ќе се успее да се создадат сите услови за фер и демократски избори, но доколку се создадат минимални услови за фер ибори, тоа ќе значи крај за автократскиот режим во Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ, автократската партија која воспостави автократски режим во Македонија, е принудена да отстапува. Веќе не е онолку силна колку што сака да остава впечаток дека е. Се отвора шанса да си ја повратиме како народ слободата, социјалната правда, земјата!

Одложувањето на изборите за нешто повеќе од еден месец не дава никакви гаранции дека ќе се успее да се создадат сите услови за фер и демократски избори. Но, далеку поважна во овој момент е психолошката победа и ослободувањето што го доживеаја граѓаните, гледајќи како режимот е принуден да отстапува! Преголемо е народното незадоволство од узурпаторите на власта во Македонија!

Ако граѓаните се уверат дека режимот може да биде победен, тој нема да доживее само пораз, туку голем пораз на изборите. Никакви ситни подметнувања, лажирања и застрашувања нема да можат да ја загрозат народната победа!

Ако се обезбедат минималните услови за фер и демократски избори на 5 јуни, Левица ќе учествува на тие избори. Предолго големо мнозинство од граѓаните на Македонија беа принудени да гласаат на избори само за оние за кои сметаа дека се помало зло од другите.

Па гласаа за ВМРО зашто беа против СДСМ. И гласаа за СДСМ зашто беа против ВМРО. Левица е тука да им понуди нова опција, опција која ќе ја врати чесноста во политиката, опција која нема да го поставува личниот интерес пред општото добро, опција која ќе застане отворено на страната на големото мнозонство на народот, на страната на работниците, сиромашните и обесправените.“ се вели во соопштението на партијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.