Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левичарите и стечајците на разговори во Хелсиншкиот комитет

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2014 12:42

Претставници на стечајците и левичарските движења кои улествуваа на протестот пред Влада во моментов одат во просториите на Хелсиншкиот Комитет на разговори по ексалирацијата на протестот.

Откако масата го проби полицискиот кордон пред зградата на Владата неколкумина од нив беа соборени на земја и со лисици на рацете беа внесени во едно полициско комбе.

Според информациите на НОВА од терен во полициското комбе биле внесени активист од левичарскот движење Солидарност Васко Цацаноски и лидерот на стечајците Лилјана Георгиевска, која и покрај тоа што барала од полицијата да ја пуштат за да ги смири стечајците, тие ја ставиле во полициското возило.

По инсистирање на Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, Георгиевска беше пуштена, по што таа им се обрати на стечајците.

Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска, за НОВА изјави дека не станува збор за никакво приведување.

Протестот започна утрово во 10 часот под силно полициско обезбедување, пред Сојузот на синдикатите на Македонија.

И покрај барањата на стечајците, синдикалниот лидер Живко Митревски не се појави пред народот. Лидерката на стечајците пак, Лилјана Георгиевска, неколку пати влезе во конфликт со полицијата борејќи се директно да стапи во контакт и да му ги укаже барањата на Митревски, но оттаму излегоа само со соопштение.

-Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на своите прогрмаски цели и определби во континуитет од постоењето на проблемот на стечајните работници, настојувал истиот да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштитита на оваа категорија на работници.

Во име на работниците кои протестираа денеска, Георгиевска побара од Владата да не си поигрува со стечајците, зашто ќе ја снајде не Босна, не Украина, туку нешто полошо.

На денешниот протест на стечајците и работниците кои се технолошки вишок во Македонија, поддршка дадоа и Движењето за социјална правда Ленка и Левичарското движење Солидарност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.