Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Миле Лефков во рамките на првата прес конференција по завршувањето на изборниот молк, им заблагодари на сите граѓани што излегле да гласаат , независно за кого гласале, зашто биле сигурни дека во вториот круг од изборите ,ќе гласале за нив.

Лефков рече дека на оваа прес конференција нема да говори за добиени гласови, но спомена за тоа дека овој политички субјект имал евидентирано заплашувања, уцени, притисоци, нерегуларности, бугарски воз, полнење на кутии конкретно во Сарај за што имале поднесено и приговор.

Имаме отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, во делови на Скопје. А, се случи брутален физички инцидент на напад врз новинар и медиумски работници во Прилеп,

Тој изјави дека очекува народот да ја препознае шансата која им е на располагање преку кандидатите предложени од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ , но како што повтори нема да брзаат со објавување на бројките , ќе почекаме, рече тој.