Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лични напади до Јанева на седницата на Советот на јавни обвинители

1
By Нова ТВ on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2016 15:51

Лични напади и прашања неповрзани со извештајот на Специјалното обвинителство, ја натераа обвинителката Катица Јанева да ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители која траеше повеќе од три часа.

„Навредите и прашањата кои се надвор од контекст и од извештајот, немам потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата. И самите членови на Советот на јавни обвинители исто така почнаа да ја напуштаат седницата бидејќи не го оправдуваа начинот на кој постапуваше господинот Зоран Сулејманов“, изјави Јанева по седницата на Советот.

Таа истакна дека се до излагањето на членот на Советот, Сулејманов, е задоволна од начинот на кој комуницирале со Советот на јавни обвинители.

„Апсолутно сум изненадена од нивната заинтересираност за работата на СЈО и се надевам дека ќе ја продлабочиме самата соработка. Решија дека ќе дојдат да не посетат во просториите на СЈО, каде согласно нивните овластувања ќе им бидат покажани и самите материјали, кои ги имаме“, додаде Јанева.

Седницата започна во 11 часот со кратка презентација на извештајот за работата на Специјалното обвинителство од страна на Јанева, по што членовите на Советот на јавни обвинители и поставуваа прашања и забелешки за работата на институцијата.

Јанева на состанокот побара поддршка од Советот за нејзиното барање да и се продолжи рокот на работа, бидејќи 18 месеци не се доволни за СЈО да го заврши преслушувањето на сите нелегални снимки.

Обвинителот Коле Штерјев, истакна дека се надева дека од колегите обвинители Јанева ќе ја добие поддршката за продолжување на рокот за нејзината работа.

Најмногу критики, но и лични коментари целосно неповрзани со извештајот на СЈО, до Јанева упати членот на Советот на јавни обвинители, Зоран Сулејманов.

Во една прилика додека говореше Јанева тој се крстеше, додека во друга и кажа дека го потсетувала на ситуации кога кај него доаѓале „неуки странки“.

Сулејманов најави дури 20 прашања за извештајот на Јанева, но откако некои од прашањата се претворија во лични напади, дел од членовите на Советот започнаа да ја напуштаат седницата, по што Јанева кажа дека и таа си оди.

СЈО има разговори за Шпион

Пред дуелот со Сулејманов, од членовите на Советот, Јанева доби забелешки и прашања во однос на финансиското работење, кадровската политика и совети за поефикасно работење.

Една од обвинителките ја праша зошто е воспоставена надлежност врз случајот „Шпион“ и дали истиот е поврзан со прислушувањето, на што Јанева одговори дека СЈО има разговори и тоа „многу разговори овој случај“.

„Ако успееме да ги преслушаме сите овие разговори од „Шпион“ се надевам ќе излеземе со сите факти и пред јавноста. Има повеќе лица кои се таргет, а се поврзани со „Шпион“ од обвинетите.  За жал немаме соработка со јавното обвинителство кои не ни ги доставува сите материјали во списите, кои тие ги поседуваат“, рече Јанева.

Таа додаде дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Нешковски“ се во предистражна постапка и додека не се донесат измените на Законот за заштита на сведоци, јавноста нема да може да види повеќе детали за овие случаи.

Бомбите се чуваат во четири сефови

Јанева истакна дека нелегално прислушуваните разговори кои се во СЈО, се чуваат според највисоки безбедносни стандарди и тие се наоѓаат во четири сефови. Клучевите од овие сефови ги има само таа и уште еден човек и не можат да бидат отклучени без присустноста на двајцата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.