Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидер како Мицкоски- тогаш кога незнаењето е моќ

0
By Биљана Секуловска on June 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 6, 2020 11:39

Нам ни треба токму таков лидер како Христијан Мицкоски. Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, лидер кој признава дека не знае, лидер како него е тоа што е неопходно за спас на оваа држава. Лидер кој безгрижно изјавува дека не ги знаел протоколите за заштита од ширењето на корона вирусот, затоа и не знаел дека е забрането кога седел во затворен дел од кафеана со двајца пријатели.

Лидер кој притоа е самоуверен, и воодушевено раскажува за дупката која се создала, кога не ги впила информациите,  кога го препнало тоа подло незнаење, кое глава може да чини во време на смртоносниот вирус, кој коси се пред себе.

Такви само можат да бидат оние заглибени во сопственото незнаење и неодговорност. Полн до експлодирање со сопствената умисленост, дека со незнаењето може да ги достигне врвовите, да не однесе во небесата, за сите заедно, со неговото лидерство да треснеме од височините кое ги нуди неспособноста да се дознае.

Лидер како Мицкоски- кој не знае и досега не чул ништо за светот кој се крена на нозе и воспостави единствени, заеднички протоколи за борба против смртоносниот вирус, лидер кој досега не дознал како светот ги усогласи забраните и прописите. Лидер кој и покрај сево ова, изјавува со месеци и години дека да сака да ја води земјава.

Со незнаење и игнорирање на опасноста од вирусот- токму таков лидер нам ни треба. Со неговото непочитување на правилата на однесување во борба против вирусот, Мицкоски пред некој месец заврши во теретана, затоа што- и тогаш не знаел дека е забрането отворање и користење на таков тип објекти.

Лидер исклучиво како Мицовски, за таква држава се боревме. Заради него, заради неговото грандиозно лидерство, сопственикот на кафеаната не им дозволувал на инспекторите да влезат два и пол часа. Лидер заради кој подоцна се криеле снимки од кафеаната, за да не се дознае дека го кршел законот. Лидер кој смета дека е над законот, лидер кој замислил дека тој е самиот закон, кога тој потонува, тогаш мора сите ние заедно со него да се удавиме во матната, нечиста вода.

Лидер кој инсистира да се одржат избори тогаш кога нема да има заразени од вирусот, или барем некоја минимална бројка, каков парадокс. Затоа што во исто време тој е лидер кој замислил дека има боговска привилегија кога тој се појавува, вирусот да замолчи, да го снема, да исчезне, за тој да прави што сака, каде што сака, кога и да сака. Тој замислил дека нему тоа право да му е овозможено од небесните, виши сили, а не од пишаните закони во државата и во исто време и непишаните, како некаков цивилизациски кодекс на разумно, трезвено и одговорно однесување.

Со таков лидер, ние не треба да се грижиме за својата иднина- однапред знаеме дека пропаста ни е судена, што не ни лош крај. Нека дојдат помудри, поумни генерации, кои ќе знаат дека знаењето и вистинското лидерство се единствениот начин да се стигне до некаков излез. Лидерите како Мицкоски и Груевски им ја прокоцкаа таа иднина и за тоа треба да им се извинат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.