Додека Американците одбележуваат црн јубилеј 12 години од терористичките напади на Светскиот трговски центар, Ајман ал Завахири, лидерот на Ал Каеда, во видео порака ги повика следбениците на нови напади на САД, јавува Си-Ен-Ен.
Во пораката, Завахири прогласи и победа во војните во Ирак, Авганистан и Јемен и повика на голем напад, па дури и да треба да се чека со години.
Како одличен пример на борбата против САД, тој го наведе бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон.
Во исто време, лидерот на Ал Каеда ги повика следбениците и да продолжат да ја присилуваат Америка на трошење на средства за оружје, за економски да ја исцрпат земјата.