Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски за НОВА потврди дека повикан е на разговор во Специјалното јавно обвинителство во понеделник во 13 часот.
Ибраимовски вели дека нема информации за кој предмет всушност ќе треба да даде исказ, но претпоставува дека се работи за избоните измами кои се споменуваат во опозициските „бомби“, a се поврзаи со гласањето на Ромите.
Во опозициската бомба која ја објави СДСМ а, за која тврди е доказ за изборните манипулации се слуша разговор меѓу екс министерката за внатрешни Гордана Јнакулоска и соговорник за организирање на Ромите за гласање, како и разговор меѓу екс министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески и соговорник за поткупување на Ромите за гласање.
Разговор на Миле Јанакиески и соговорник
МЈ: Да.
С: Ало.
МЈ: Еј, шо.
С: Овде сум на Мала Станица. Значи, Циганиве сите изглегле, околу 60 и колку, шеесет и осум гласа, шеесет и два гласа. Сега им обеќаме некои 25 пакети со брашно нешто, не знам.
МЈ: Да, ќе им ги дадеме.
С: Дајте им ги пошто ќе почнат да излагаат, да негодуваат, ќе почнат да бамбурат тука по улици
МЈ: Да….Тони!
С: Дај те молам организирај ги тие.
МЈ: Ајде, чао.
Разговор на Гордана Јанкулоска со Славе Ѓошев
СГ: Тава шо го направииме, ќе имаме и втор круг, ќе видаме дефинитивно според записниците..
ГЈ: Значи не е прв поминат?
СГ: Нееее…Како ќе нема, нашите веќе слават..
ГЈ: Тие се кај Ромите?
СГ: Две се кај Ромите, две се уград кај шо имаме влијание, можеме да…
ГЈ: Ако е кај Ромите, за уши ќе ги носиме, не смее да писне…Битно не помина у прв?
СГ: Еве ги нема низ град…Тоа е тоа..
ГЈ: Па кажи бе Славе, само кога имате мака се јавуваш, да му се сневиди..
СГ: Абе шефице, слуши, јас не сум Силвана Бонева, хехех
ГЈ: Нема гајле, ептен ми е мерак за вас…посебно