Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерска средба за преговорите нема да има, само меѓусебно информирање

0
By Нова ТВ on April 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече во Охрид немало некој посебен исчекор.

– Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата и на шефот на опозицијата, заради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно што би било основ за лидерска средба. Ние тоа го почитуваме. За нас е важно да бидат сите информирани и да ги споделиме идеите  за следните стратешки чекори, изјави Заев денеска по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“.

Редот е, како што рече, не само да се информираме, туку и заемно да се консултираме за стратегиите и чекорите кои ќе ги преземеме  за конечно да очекуваме национално единство и консензус во државата по вака важни прашања.

На новинарско прашање во врска со ставовите на грчката опозиција и власта во врска неговите изјави околу името, Заев одговори дека водат транспарентен процес и оти и граѓаните треба да знаат.

– Точно е постојат разлики од самиот почеток, постоеле и 27 години, но исто така е точно и дека има исчекор во преговарачкиот процес. Секако до крај не се решени работите. Но, прво е добро што граѓаните од двете земји се поприлично  упатени, второ што никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за изнаоѓање на решение на овој горлив проблем, рече Заев.

Вели дека тој само испраќа порака дека треба да се продолжи посветено со заемана грижа за позициите на другата страна од преговорите.

– Ние да водиме грижа за грчката страна, тие за нашата страна за да можеме на крај да се обидеме да направиме се, со целата креативност што ја имаме за двете страни да бидат конечно задоволни од конечното решение или подеднакво незадоволни, истакна премиерот.

На прашање што доколку не се постигне решение тој одговори дека многу малку или воопшто не размислува што доколку не се дојде до решение.

– Ако не се постигне веројатно ќе продолжиме со разговорите. Реформите и економијата ќе продолжат во државата. Ова е важна лента по која се води Македонија, а и неколку други ленти паралелно се отворени. Знам дека и да не најдеме решение за проблемот со Грција мора да градиме пријателство. Јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подавам рака и ќе се обидувам за два, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение. Искрено посакувам да се најде решение заради тоа што имаме многу да работиме во иднина како соседски земји. Имаме многу што да подобриме во интерес на граѓаните меѓу двете земји, така да претстојат многу други задачи покрај овој проблем кој постои меѓу двете земји, рече Заев.

Заев лидерска преговори со Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.