Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерската – компромиси и недоверби

0
By Zoran Ivanov on January 14, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 14, 2026 16:46

Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада, генерално, сите се согласивме дека треба да замине во минатото, изјави по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на Пржинската влада, таа може да важи и за следните избори, па потоа да се укине.

Но, како што оцени премиерот, ќе треба да се направат измени во Законот за Влада зашто има промена во ресорите.

Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови, истакна Мицкоски.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денешната средба во Клубот на пратениците ја оцени како изненадувачки, за првпат конструктивна, посочувајќи дека било начелно договорено до крајот на пролетта, односно до јуни да се донесе нов Изборен законик, иако за економските теми, како минималната плата, рече дека не наишле на разбирање.

Се дискутираше за модалитетите. Една изборна единица, со или без изборен цензус, отворени или затворени листи. Комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието со некои од министрите во Влада, појасни Апасиев.

На средбата, посочи тој, било разговарано за укинување на техничката влада во две варијанти – или веднаш, или не за наредните, туку по наредните парламентарни избори, зависно од СДСМ.

Последната политичка тема на која било разговарано, како што рече Апасиев, бил Oмбудсман, за кој Левица предлага соломонско решение.

Тоа е припадник на ромската заедница да биде избран бидејќи сметаме дека се најдискриминирана заедница која нема никакви полуги на власта, ниту министри, ниту пратеници, еден градоначалник, ако не се лажам, и сметаме дека ова е уставна категорија треба да ѝ припадне на ромската заедница, изјави Апасиев.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој на средбата ја претставуваше коалицијата ВЛЕН, изјави дека тие поддржуваат техничката влада да се укине веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине.

Како што посочи тој, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето.

За изборните единици немаме став, најважно е, како и да се одлучи, и за една изборна единица, да има отворени листи, истакна Касами.

Тој ја поздрави денешната лидерска средба, на која, како што рече, се отворија многу теми, политички и економски и имало конструктивна дискусија.

И од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, по лидерската средба изјавија дека поддржуваат укинување на техничката влада, како и за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица.

Техничката влада беше воведена како привремено решение во специфичен политички контекст и со една јасна цел – обезбедување демократски, фер и слободни избори во време на политичка криза. Таа цел е одамна исполнета и зад нас се неколку успешно спроведени изборни циклуси, вклучително и последните локални избори во 2025 година, изјави пратеникот на ЗНАМ, Бобан Карапејовски.

Тој информира дека Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа во однос на Изборниот законик.

За нас е прифатливо и потребно ново решение со една изборна единица, што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Сметаме дека мора јасно и прецизно да се регулира финансирањето на политичките партии, особено оние што се застапени во Собранието преку пратенички групи за да се обезбеди транспарентност, додаде Карапејовски.

ЗНАМ дава поддршка и на примената на „Безбеден град“ и апелира на негово побрзо усвојување. Го поддржуваат и Законот за прекршоците.

На новинарско прашање зошто претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не присуствувал на лидерската средба, Карапејовски одговори дека тој претходно имал закажани средби надвор од земјата и оти во тоа нема ништо спектакуларно.

На денешната лидерска средба, која се одржа на иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев; градоначалникот на Тетово, Билал Касами, од коалицијата ВЛЕН; како и лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот на Мицкоски и не дојде на средбата.

Изјави лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.