Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерското ценкање на маса – отстапките на Мицкоски под маса

0
By Zoran Ivanov on January 13, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 13, 2026 16:22

Лидерската средба за Мицкоски е битна за да обезбеди консензус за реформските закони (за дел од нив е потребно Бадентерово мнозинство), како и за избор на новиот народен правобранител. И едното и другото зависат од поддршката на пратениците на ДУИ, бидејќи власта нема т.н. двојно мнозинство.

Мариела Трајковска

Освен за политичката и економската ситуација во државата, како што е наведено во поканите од премиерот, на маса пред Мицкоски лидерот на ДУИ Али Ахмети се очекува да ги стави новиот национален договор за прогрес, потоа „двата Бадентера“, како и темата евроинтеграции, а претседателот на Левица Димитар Апасиев ќе бара една изборна единица

Сите лидери или претставници на партии што имаат пратенички групи, освен лидерот на СДСМ Венко Филипче, се очекува да учествуваат на лидерската средба што премиерот Христијан Мицкоски ја закажа за Василица. Освен за политичката и економската ситуација во државата, како што е наведено во поканите од премиерот, на маса пред Мицкоски лидерот на ДУИ Али Ахмети се очекува да ги стави новиот национален договор за прогрес, потоа „двата Бадентера“, како и темата евроинтеграции, а претседателот на Левица Димитар Апасиев – една изборна единица. Владините партнери ЗНАМ и Вреди најверојатно ќе се држат до агендата на премиерот, а Филипче, пак, ја одби поканата со образложение дека „со криминалци не седи на маса“.

 

Висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ вели дека очекува лидерите на партиите на средбата да отворат теми што сметаат дека за нив се важни.
Лидерскиот состанок ќе се одржи во Клубот на пратениците во Скопје, а поканети се претседателите на партиите и координаторите на пратеничките групи.

За ДУИ е важен дијалогот

ДУИ прексиноќа требаше да одлучи дали Ахмети ќе присуствува на лидерската, а дилемите во партијата се поради (не)јасниот дневен ред. Според висок функционер од ДУИ, поканата да разговараат за политичката и економската ситуација во државата е премногу општа и опширна тема.

– Ако Генералниот совет на партијата одлучи претседателот Ахмети да учествува на лидерската средба, се претпоставува дека ќе отвори теми што за ДУИ се приоритет. Тоа се евроинтеграциите, потоа новиот национален договор за прогрес, избор на влада со Бадентерово мнозинство, но и во Уставниот суд да се гласа со Бадентерово мнозинство кога се одлучува за законите донесени со двојно мнозинство – вели функционерот на ДУИ.

Според него, ако Ахмети не дојде на средбата, тогаш лидерската ќе нема легитимитет. Сепак, тој вели дека за ДУИ е важен дијалогот и оттука претпоставките се дека тој нема да ја одбие поканата. Ахмети на новогодишниот брифинг со новинарите, при претставувањето на новиот договор, рече дека очекува да биде повикан од лидерите на партиите за да го претстави договорот за прогрес.

Од друга страна, лидерската средба за Мицкоски е битна за да обезбеди консензус за реформските закони (за дел од нив е потребно Бадентерово мнозинство), како и за избор на новиот народен правобранител. И едното и другото зависат од поддршката на пратениците на ДУИ, бидејќи власта нема т.н. двојно мнозинство.

За Левица нема дилема дека нивниот лидер Димитар Апасиев ќе оди на состанокот со агенда за реформските закони и за укинување на техничката влада, но и со услов – воведување една изборна единица и обезбедување еднаков медиумски пристап за сите политички субјекти.
Пратеникот на Левица Амар Мециновиќ оцени дека сега е моментот за конструктивен дијалог за клучните прашања.

– Сметаме дека сега е време да влеземе во конструктивен дијалог за да можеме да го обремениме овој процес со позитивни насоки, затоа што за нас најважно е да се создаде демократска атмосфера за време на избори и нашите барања ќе бидат во таа насока – рече Мециновиќ.

Филипче веднаш по најавата на Мицкоски за лидерска средба, ја одби поканата и децидно се изјасни дека е против укинување на техничката влада, за која рече дека е гаранција за одржување чесни и фер избори. За реформската агенда, која ќе биде една од темите на разговор на лидерската средба, Филипче рече дека дискусијата ќе се води во Собранието, каде што СДСМ ќе ги поддржи сите реформски закони. Тој ги повика и другите лидери да ја бојкотираат средбата, но најверојатно во Клубот на пратениците ќе остане празно само столчето на Филипче.

Од ЗНАМ велат дека на средбата ќе присуствуваат министерот за јавна администрација и генерален секретар на партијата, Горан Минчев, и координаторот на пратеничката група Бобан Карапејовски. Од партијата нема информација зошто лидерот Максим Димитриевски нема да учествува на состанокот. Оттаму велат дека допрва ќе проценат дали ќе отворат нивна тема.
Владиниот партнер Вреди на лидерската ќе биде претставена од Билал Касами и координаторот на пратеничката група Беким Ќоку.

– Ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Таму ќе присуствуваме јас, како координатор, и Билал Касами, како еден од лидерите на Вреди. Во поканата нема конкретни прашања – рече координаторот Ќоку.

Вреди е на линија со предлогот на премиерот за укинување на техничката влада.

– Во однос на пржинската влада, ние мислиме дека веќе не е потребно да постои, бидејќи таа е составена кога државата беше во криза, а ние немаме веќе кризен модус. Ние без пржинска влада на локалните избори докажавме дека не е потребна техничка влада за да имаме кредибилни, фер и демократски избори. Значи, не е потребно. Ние сакаме да сме дел од преговорите за Европската Унија и не прилега, не е нормално, една држава, која е пред вратата на ЕУ, да има таква техничка влада, што значи дека не е кредибилна да организира фер и демократски избори – рече тој.

Мицкоски очекува консензус околу клучните прашања за државата

Премиерот Мицкоски во најавата за средбата рече дека од партиските лидери очекува консензус околу клучните прашања за државата.

– Да разговараме за изборот на народен правобранител. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава разговараме отворено на сите тие теми во врска со нашата цел, ЕУ, и за законите што треба да се донесат. Ајде да седнеме и да разговараме. Јас не би сакал да влегувам во укинување на техничката влада без консензус, затоа што тоа е политички некултурно, а ваков тип измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени – повика премиерот Мицкоски.

Тој како неодговорно го оцени одбивањето од Филипче да присуствува и додаде дека на власта не ѝ е потребна лидерска зашто имаат мнозинство од 61 глас за да ја укинат техничката влада и без поддршка од опозицијата. Повикот за лидерска бил за процесот да биде инклузивен, како и да разговараат за реформските закони.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

лидерска мариела трајковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.