Познатата телевизиска водителка Лила Филиповска е на распит во Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава НОВА.

Според нашите информации, Филиповска која е блиска пријателка на осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 е повикана од обвинителката Вилма Русковска да даде исказ и да презентира свои сознанија кои се од интерес на истрагата.

За случајот „Рекет“, освен Боки 13 осомничени се и специјалната обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милески-Кичеец. Сите тројца се во притвор.

Досега како сведоци во обвинителствот свои искази дадоа обвинители од СЈО, бизнисмени и Орце Камчев кој го пријави случајот.