Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Линеарното зголемување на пензиите – далеку од светските практики

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 2, 2025 14:37

Едно од основните права во пензискиот систем е правото на најнизок износ на пензија. Така пишува во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ајде подобри го тој институт! Никој нема против на тие наши сограѓани да им определи достојни износи на пензии.

Славко Лазовски

Македонскиот пензиски систем е на самото дно на ранг-листата на светските пензиски системи. Зошто линеарното зголемување на пензиите никој не го „купува“? Ако е тоа најдоброто решение – зошто не го применуваат водечките земји рангирани по квалитетот на нивните пензиски системи?

Светот ја применува швајцарската формула за усогласување на пензиите, а не линеарното покачување. Оваа формула остава простор за нејзино подобрување и прилагодување на состојбите во одделни земји. Ако кај нас тоа е пола од едно плус пола од друго за сите износи, зошто тогаш не е 100% за износите под просечната пензија? Значи, процентот на усогласувањето не мора да биде ист за сите пензии, но мора да биде одреден со закон, односно однапред одреден и познат. Швајцарската формула остава простор за најразлични прилагодливи решенија.

Ако искрено сакаме да го подобриме стандардот на пензионерите со ниски пензии, најнапред треба да признаеме дека имаме пензионерска сиромаштија и дека водиме борба за нејзино намалување. За да водиме борба против пензионерската сиромаштија, треба да го подобриме пензискиот систем. Ние се зафаќаме со крајниот продукт на пензискиот систем – износот на пензии. А проблемите не се решаваат од крајот.

Едно од основните права во пензискиот систем е правото на најнизок износ на пензија. Така пишува во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ајде подобри го тој институт! Никој нема против на тие наши сограѓани да им определи достојни износи на пензии.

Секој од тие наши сограѓани со ниски пензии имаат име и презиме. Секој од нив има ваков износ на пензии од разноразни причини. Некој поради стечај, некој поради прогласување на загубари и други најразлични причини на неуплатен пензински придонес, ниски плати односно воопшто непримање плати подолг временски период. Како да се најде решение за овие состојби? Зошто треба овие наши сограѓани да бидат казнети? Во многу земји ваквата состојба се толерира во првите три или пет години на користење на пензијата, па по тој период државата ја признава сопствената неспособност и пензискиот систем определува достоинствена пензија. Кој е против ваквите решенија?

Во што е разликата меѓу платата и пензијата? Нема никаква разлика. И едната и другата се економска и социјална категорија. Не гледајте назад, туку од моментот на располагањето со платата или со пензијата па натаму. Тврдењето дека пензијата е само социјална категорија е неточно, а секоја неточност нѐ носи во погрешни решенија.

Нашите деца се во вториот пензиски столб. Таму е битна висината на платата и платениот придонес за пензиското осигурување. Ако за нашите деца и внуци има силна поврзаност меѓу платата и пензијата, не може да ја нема за нас родителите и бабите/дедовците.

Дали сме исти од моментот кога ќе отидеме во пензија? Не сме исти. Исто онака како што не сме исти во моментот на нашето раѓање. Кога ќе бидеме исти од моментот на раѓањето, тогаш ќе бидеме исти и од моментот на пензионирањето.
Не се реални очекувањата дека некој што води политика на ниски плати да води грижа за ниските пензии. Во платите е изворот на пензиите. Таа грижа треба да се покаже кон оние 80.000 вработени кои по своја вина или не, се во канџите на сивата економија. Какви пензии ќе имамат тие? И тие ли по десетина години ќе дојдат со икони пред некоја тогашна влада да бараат линеарно зголемување или бакнувајќи ја иконата на Пресвета Богородица ќе ѝ се заблагодаруваат на владата за „влегувањето во нивната положба“?

Што правиме, пак, со оние што се надвор од пензискиот систем? Пописот од 2021 година покажа дека околу 62.000 граѓани на оваа држава со наполнети 65 години не примаат пензија. Кое е решението за нив?
Како граѓанин и пензионер, јас не сакам пензискиот систем да зависи од некоја поединечна одлука, ниту мојата пензија да зависи од бојата на капата на оној што одлучува за јавните политики.

Како што наведов погоре, процентот на усогласувањето на пензиите не мора да биде ист за сите пензии, но мора да биде одреден со закон. Дефинитивно нема да им биде лесно на уставните судии, но нивната одлука мора да се почитува и да се спроведува, а реакциите, коментарите и анализите треба да бидат искористени за подобрување на пензискиот систем.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

колумна славко лазаревски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.