Фото: Томислав Георгиев
Средношколскиот пленум кој веќе трет ден кампува во Паркот на новинари спроти зградата на Министерството за образование и наука со надеж дека нивните барања ќе бидат слушнати од надлежните, апелираат до граѓаните да им достават најосновни намирници.
Тие апелираат доколку може да им се донираат готови пецива (переци, гевреци и сл.), леб-овошје, кафе, млеко, кеси за ѓубре, храна што нема да се расипе ако не стои во фрижидер, плински боци и длабоки пластични чинии.
А поради влошените временски услови, доколку некој е во можност, на средношколците им се потребни и тенди, шатори, кабаници, мушами и кебиња.
Учениците веќе неколку недели ја бојкотираат формалната настава во училиштата, а по завршувањето на смената, остатокот од денот го поминуваат кампувајќи непосредно пред вратите на ресорното министерство.
Средношколците бараат враќање на стариот модел на матура, без електронско полагање, и укинување на математиката како задолжителен предмет за секој ученик, за секое подрачје.



