Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лицата од Авганистан ќе добијат привремен престој, досега никој не побарал политички азил

0
By Ivana on August 23, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немаме случаи на барања политички азил, но секако согласно меѓународните закони што се прифатени кај нас, ќе ги разгледаме ваквите активности, изјави премиерот Зоран Заев

– Сите лица за кои се подготвуваме да ги пречекаме и за кои сме дале потврда дека сме подготвени да ги примиме, ќе добијат статус на времен престој од 90 дена преку издавање на виза за време на престој од три месеци, иако за некои од нив имаме најавено дека веднаш заминуваат, некои за 10-15 дена или слично. Таков е правниот статус односно во самиот нивен документ се става виза со траење од 90 дена. Значи, тоа се лица со времен престој во Република Северна Македонија, рече Заев.

Посочи дека Владата нема никакви предрасуди, ги донесе сите неопходни одлуки, понуди и подава рака и учествува хуманитарна мисија за Авганистан.

– Зошто ние по глава на жител ќе примиме повеќе хуманитарци, миротворци, активисти за човекови права, новинари, локал стаф на ОН, на НДА, на ИРИ и на многу организации за човекови слободи, прави и демократии и слично, веројатно заради тоа што имаме поголемо срце во моментот од сите други, заради тоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, веројатно заради тоа што нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, поблиско од другите земји, па знаеме колку е важна помошта кога може некој да ти подаде рака, да ти помогне, посебно заради тоа што навистина ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи што значат одземање животот, сите страотни сцени што ги имаме видено, се со конечна цел, подвлече, да подадеме рака и да помогнеме, истакна Заев.

Според него трошоците ќе ги покријат соодветните организации, САД, невладините организации, како НЕТ, Фондација Отворено општество, ИРИ.

– Но, тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Досега ги носиме трошоците на превоз до хотелите, на вакцината, на ПЦР тест да се направи, на понудите за бесплатен здравствен преглед и секако доколку има потреба за други активности, изјави премиерот Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

Авганистан Зоран Заев Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.