Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лицата со попреченост во малите средини немаат основни услови

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 20, 2018 14:06

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово.

Здружението „Сината птица“ е во процес на имплементација на проектот „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“, поддржан од „Швајцарската агенција за развој“ преку програмата Civica Mobilitas.

Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост од овие општини.

-Генералниот впечаток е дека, и покрај ретките добри практики на локално ниво, неопходни се сеопфатни системски мерки, поголема сензибилизираност и поорганизиран пристап во трите сектори (образование, социјална и здравствена заштита) со цел вистински да се подобри квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните семејства, се наведува во извештајот.

Социјалните услуги во многу случаи не се доволни ниту според квантитетот, ниту според квалитетот и тие главно се сведуваат на парични трансфери.

-Згрижувачот, покрај надоместоците за згрижување на децата/лицата со попреченост, има право и на парична помош во висина од 8.000 денари и право на пензија, за разлика од биолошките семејства, кои не можат да остварат иста таква поддршка од страна на државата.Тоа го забавува процесот на деинституционализација: недоволната поддршка ги поттикнува биолошките семејства да ги сместуваат лицата со попреченост во институции, стои во извештајот.

Вклучувањето на лицата со попреченост во образовниот процес, според истражувањето, останува голем предизвик поради недоволната подготвеност на наставниците, недостаток на стручни кадри и немањето поддршка од државните институции, додека во училиштата нема ниту доволно материјали за различни попречености.

Физичката непристапност на здравствените институции и несоодветниот однос на здравствените работници на локално ниво ги принудуваат родителите да одат до клиничките болници во поголемите градови дури и за мали интервенции.

Извештајот, на македонски и албански јазик, официјално ќе биде промовиран денеска во просториите на Општина Охрид, а ќе биде презентиран и во Боговиње и Берово – на 27 февруари и 1 март.

Крајната цел на проектот е создавање на неформални мрежи на родители во секоја општина од кои ќе се формира работна група составена од родители, претставници на локалните институции и локалната власт, кои понатаму ќе ги детектираат проблемите на локално ниво, ќе ги разгледуваат опциите за нивно решавање и ќе лобираат кај повисоките инстанци.

Сината птица Цивика Мобилитас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.