Лицето А.П. кое јна 27 април во Собранието ја нападна заменик-претседателката СДСМ Радмила Шеќеринска вчера беше приведен на распит .

На снимките од нападите во Собрание се гледа како ова лице физички ја напаѓа Шеќеринска и силно ја влече за коса.

Се уште не е познати дали Обвинителството побарало некакви мерки за обезбедување за ова лице.

Досега во предметот кој го води Обвинителството, а поврзан со случувањата во Собранието опфатени се околу 20 лица а 8 мина се лишени од слобода. Пратениците кои беа нападнати до сега неколкупати укажуваа дека се работи за обид за убиство, додека ЈО случајот го води како учество во толпа.