Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубовницата на францускиот претседател повлечена од меѓународно жири

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската актерка Жули Гаје, којашто во медиумите е споменувана како љубовница на претседателот Франсоа Оланд, се најде во центарот на јавна полемика откако француската влада ја негираше информацијата за нејзиното именување во жирито на Вила Медичи, којашто оваа угледна јавна установа – Француска академија во Рим ја објави на својата интернет страница.

Според пишувањето на францускиот сатиричен весник Le Canard објави дека 41-годишната актерка Жули Гаје на католички Бадник била именувана за член на жирито на „Вила Медичи”, палатата во којашто е сместена Француската академија во Рим.

Оваа информација во средата наутро беше потврдена и на интернет страницата на оваа реномирана културна установа, којашто покрај Гаје, во жирито се и вајарката Ан-Мари Клере, кореографката и примабалерина Мари-Ање Жијо и композиторката Луси Ронкети.

Ова жири ќе избере петнаесет стипендисти, научници и уметници, кои во септември во Вила Медичи ќе работат 12 до 18 месеци.

Меѓутоа француското министерство за култура, исто така, во средата претпладне објави дека, на крајот, актерката не е именувана”.

„Ја предложи Ерик де Шасе, директор на Француската академија во Рим, но министерството одлучи да не ја именува. Одлуката не е потпишана”, изјавиле за Франс Прес од кабинетот на француската министерка за култура, Орели Филипети.

Минатиот петок францускиот таблоид Closer објави текст со фотографии, коишто наводно ја докажуваат тајната љубовна врска меѓу претседателот и актерката.

Партнерка на Оланд од 2007 година е новинарката Валери Триервејлер, со којашто се во вонбрачна врска и во својство на „прва дама” го придружува на официјалните патувања во странство и манифестации во Франција.

Претседателот Оланд кој во вторникот одржа прес-конференција а како одговор на новинарско прашање за тајната врска со 41-годишната актерка Гаје, изјави:

“Секој, во својот приватен живот, може да мине низ тешкотии. Тоа е нашиот случај сега”, вака одговори францускиот претседател на новинарското прашање дали Валери Триервајлер е се уште прва дама на Франција. Франсоа Оланд побара разбирање за приватната ситуација во која тој се наоѓа откако пред една недела беше откриена неговата тајна врска со актерката Жули Гаје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.