Published: Monday, June 10, 2024 22:33
Кренар Лога: ЕУ и САД нема да се согласат со распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, нешто што го најавуваа ВМРО-ДПМНЕ како дел од активностите за подобрување на состојбата со правосудството.
Минатата недела испратив писмо до дел амбасадите во земјава, како и до официјален Брисел и Вашингтон, со кое изразив загриженост за намерата. Во извештајот од Оценската мисија на Европската Унија, децидно е кажано дека мора да има континуитет и дека државните институции не може да поминуваат низ трауми.



