Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2013 – преглед на денот

0
By Нова ТВ on March 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2013 18:00

„Тодоровиќ е човек кој знае да прави дела и знае како да ја води општината“, изјави денеска Слободан Угриновски, лидерот на Титовите леви сили, кој во вториот изборен круг во Центар својот и гласовите на своите приврзаници му ги вети на кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ.

Андреј Жерновски, кој за помалку од еден процент не успеа да стане градоначалник на општината во првиот круг, денеска ги претстави плановите за поголема енергетска ефикасност во општината.

Рече дека сметката за струја ќе се намали меѓу 25 и 30 проценти – драстично намалување на нашиот буџет, изјави Жерновски.

Стефче Јакимовски, кој неодамна од Сојуз за иднината премина во Српска напредна странка, денеска вети дека Општина Карпош и понатаму ќе издвојувала финансии за поддршка на културата и уметноста во висина од 350.000 до 400.000 евра на годишно ниво.

Неговиот против кандидат од коалицијата „Сојуз за иднината“ Андреј Петров соопшти дека планира легализација за едно евро од квадрат на балконите и доградбите во Карпош.

ИМАШЕ НЕКОЛКУ ДЕМАНТИ НА ДАДЕНИТЕ ВЕТУВАЊА:

– Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешните ветивања од кандидатот за градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски истакнува дека неговото ветување за изградба на базен е од пред четири години и оти зад себе во два градоначалнички мандати оставил нереализирани проекти.

– ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обвинувањата од кандидатот за градоначалник на Скопје Јани Макрадули кон противкандодатот од коалицијата „За подобра Македонија“ наведува дека Коце Трајановски воопшто не ги користел ресурсите на Градот во кампањата, ниту пак користел службени возила и полициско обезбедување.

– Покрај обвинувањата на адреса на Трајановски, Макрадули најави проект за изградба на нов Бит – Пазар, што ќе бил затворен и по теркот на сите модерни пазари во светот.

ПРЕМИЕРОТ БЕШЕ ВО ЛОЗОВО, ПРЕСПА, БИТОЛА, МОГИЛА

Груевски заедно со граоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ја посети индустриската зона Жабени и фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.

Премиерот Груевски отиде дури до малата но, значајна Могила за да помогне во изборот на Славко Велевски за тамошен градоначалник. Оттаму ги потсети земјоделците дека се стлоб на нашето општество и пригодно се обрати на јавноста: Земјоделците гледаат дека за нив се грижиме и кога времето е убаво, но и кога има суши, поплави и други временски непогоди, ние сме тука за да им помагаме и затоа очекувам поддршка за Славко Велевски.

Предходно помина во Преспа каде вети дека ќе изгради две туристички развојни зони, а во придружба му беше кандидатот за градоначалник на општина Ресен од коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓоко Стрезовски.

Редакцијата на НОВА им се извинува на дел од кандидатите кои не ги спомнавме во дешешниот наш ретровизор – не било намерно, верувајте…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.