Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални: СДСМ е за деблокада на Собранието, ВМРО ДПМНЕ за избори

0
By Соња Трајковска on April 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ денеска побара веднаш да прекине неразумното однесување на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што изјави Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ „овие неодговорни луѓе преку закани за насилство го блокираат целиот државен систем, што за три недели би се прекршило врз егзистенцијата на граѓаните со хаос во државата“.

За три недели, на 15 мај, градоначалниците и советите на општините целосно ги губат своите ингеренции и овластувања. Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат и изборот на новиот собраниски претседател кој единствено може да ги закаже локалните избори. Во вакви услови, кога нема нов датум за локалните избори, а градоначалниците и советите целосно ги губат своите овластувања, се доведува во прашање целокупната работа на Општините, како и работата на јавните претпријатија, училиштата, градинките, дневните центри за социјална грижа и сите установи под општинска надлежност, рече Павлевски.

Тој објасни дека ова ќе значи дека: граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон,вработените во училиштата, градинките, културните установи од локален карактер, како и вработени во противпожарните единици и во другите општински установи нема да можат да земаат плата, привремено ангажираните работници во општините нема да може да го добијат својот паричен надоместок, нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија,нема да има кој да потпише акти кои произлегуваат од општинските штабови за заштита и спасување, доколку е тоа потебно, со што се доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните.

-Укажуваме дека единствено Собранието на Република Македонија е овластено да донесува, изменува и дополнува закони. Уставниот суд не може да го реши проблемот. Поради тоа единствено решение на овој проблем што го создаде Груевски, преку Трајко Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, е итна деблокада на демократските процеси, изјави Павлевски.

Од СДСМ уште еднаш го повикаа Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од насилието и да овозможат да продолжат демократските процеси за да се избере нов собраниски претседател кој ќе ги закаже локалните избори, како и да се овозможи мирен трансфер на власта.

-Да не се плашеше СДС од сопствениот народ, локални избори заедно со нови предвремени парламентарни избори ќе имаше во првата половина на мај. Да не му беше на СДС поважна Тиранската Платформа и континуираното провоцирање на кризи, граѓаните ќе гласаа согласно законот на 7-ми или на 14-ти мај, односно за две недели од сега, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Павлевски.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ, како што се вели, „да собере храброст и да излезе на локални избори кои би се одржале на ист трошок, заедно со предвремените парламентарни избори“.

локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.