Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локвенец: Дали ЛОТО ШОУ со фискални сметки е законски?

0
By Нова ТВ on January 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2014 15:47


Пред вечерашното второ по ред ЛОТО ШОУ со фискални сметки, со коешто власта на Никола Груевски си поигрува со надежта на граѓаните со нивни пари, ќе поставиме неколку прашања на кои Груевски и Ставрески должат одговори на јавноста, согласно Законот за игри на среќа и забавни игри, изјави денеска Хари Локвенец, член на ИО на СДСМ.

-Кој е организаторот на наградната игра премиере Груевски и ЛОТО-вицепремиере Ставрески?

Дали е Лотарија на Македонија којашто го прави шоуто или Владата на Република Македонија којашто е негов нарачател?

Еве зошто.

Ако е Владата, Груевски и економистот Ставрески, според законот, треба да кажат, колку пари ги чинат граѓаните, овие награди што ќе отидат во рацете на неколкумина. По која цена, власта со буџетски пари ги купува наградите за ЛОТО ШОУ-то за фискална дисциплина?

Ако организатор на наградната игра е Лотарија на Македонија, зошто во ниеден весник не се објавени правилата на наградната игра, како што наложува во вакви случаи Законот за игрите на среќа и за забавните игри?

Кој и да е организатор, според истиот овој закон, тој треба да уплати 18 проценти посебна давачка од фондот за награди. Дали ова е испочитувано? УЈП веднаш ќе затропаше на вратата на фирмите што не платиле данок, дури и на оние најмалите, испорачувајки им казни во илјадници евра. Дали кога се работи за Владата на Република Македонија, `се е дозволено, па и прескокнување даноци?

И ова не е се. Освен што со пари на граѓаните се купуваат наградите со кои се само рекламира власта, учесниците во наградната игра отсега ќе плаќаат за 10 денари поскапи поштенски марки. Точно ли е ова? Дека наменски испечатените поштенски марки од 8 денари се повлечени. Дека сега поштенска марка за пликот за наградната игра “Фискална во рака, награда без мака“ чини 18 денари.

Колку пари отидоа за печатење на сега неупотребливите поштенски марки премиере Груевски и вицепремиере Ставрески и во чии џебови? Зошто сега поштенските марки за наградната игра чинат 10 денари повеќе?

Жално е што Груевски и Ставрески, во паника од издржаната мерка на СДСМ за поврат на ДДВ, со што корист ќе имаат сите граѓани, направија карикатура на фискалната дисциплина.

Откако ги турнаа граѓаните во мизерија и сиромаштија, сега преку игри си поигруваат со нивната надеж.

И уште дрско без срам профитираат од тоа!- изјави Локвенец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.