Британија бара целосно повлекување на руските војници од украинската територија.
Британската влада се огласи денеска со реакција, откако по мировните преговори во Турција, Русија соопшти дека има намера да ги намали борбените активности околу два украински града.
„Ќе го судиме (Владимир) Путин и неговиот режим според неговите постапки, а не според неговите зборови. Не сакаме да видиме ништо помалку од целосно повлекување на руските сили од украинска територија“, изјави портпаролот на премиерот Борис Џонсон.
(Извор: МИА)