Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лошата опозициска сметка, поскапа од сметката за струја!

0
By Marija Todorovska on March 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ / ФРОНТЛАЈН

Опозиција која ја става својата земја под „санкции“ на Западот, не може да има ни најмала чувствителност за скапите сметки за струја.
Вистината е дека Северна Македонија скапо ја плаќа негативната и деструктивна енергија на опозициските лидери и нивните медиокритетни следбеници.

Општество кое дење и ноќе се храни со политички изјави и тие изјави се претвораат во пароли и секојдневна храна, тоа општество има сериозни проблеми со своето здравје.

А впрочем, веќе извесно време дел од нашето општество, единствен извор на ментална и духовна храна, има јалови патриотски изјави, што го фасцинираат како да се уметнички ремек-дела.

Овој дел од општеството толку брзо ги голта овие несреќи што често им се лепат во грлото. Нема плод од празни изјави и декларативна грижа, тие се само „очи во очи“, по што доаѓа реалноста.

Па, нашата политичка реалност е многу тешка.

Сметката за овој злобен опозиционизам е многу поскапа од превисоките сметки за струја.

На чело на опозицијата имаме залутани и злонамерни лидери, кои зборуваат само за негативни теми, кои ја изолираа државата и се што прават е: пропаганда, задача што ја извршуваат со ќеф.

Значи, Северна Македонија е под западни „санкции“, поради не сериозноста и пристапот на опозицијата кон уставните измени, и ова треба да го шокира секој човек од нашата земја. Да, оваа катастрофа треба да го засрами секој совесен човек.

Шефот на опозицијата, кој и да е, не можат да го заштитат сите зборови на светот, ако зад себе нема вистински дела и видлива работа.
„Чувството за убавина игра незаменлива улога во обликувањето на човечкиот свет“, вели еминентниот филозоф Роџер Скротон, во книгата „Убавина“.

Овој стандард, како етика и естетика, ја обликуваше западната цивилизација во сета своја величественост, која и покрај нејзината декаденција, со своето наследство, зашеметува, угодува, фасцинира и присвојува.

Оваа неисхранетост, која нашето општество ја зема во повеќекратни и зголемени дози, може еден ден да предизвика фатални последици. Исто така и нашиот имунитет е ослабен.

Текстот е личен став на Авторот.
Дестан Јонузи ЕУ опозиција политика уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.