Либералната партија го повикува Министерот за правда, во рамките на своите законски надлежности, да поведе постапка за помилување на новинарот Томислав Кежаровски.
Претседателот на Република Македонија, согласно надлежноста која му ја дава Законот за помилување, да го помилува новинарот Кежаровски, во интерес на Република Македонија.
Причините за ваквите брања на Либералите произлегуваат, како што стои во нивното соопштение, е тоа што обвинението и текот на судскиот процес за Кежаровски, новинар обвинет за напишан текст, постојано ја бранува како домашната, така и пошироката јавност.
Од денот на неговото спектакуларно апсење, овој случај е проследен со континуирани протести на новинарите и во медиумите и на социјалните мрежи.
Ваквите одеци во јавноста треба да бидат јасен сигнал за најповиканите да постапат согласно своите овластувања. Но, ваквата реакција очигледно изостана, сметаат Либералите.




