Комисијата за економија и финансии при Либералната партија реагира на вчерашното зголемување на буџетот со ребаланс кој не го прати економскиот раст на Македонија.
Во услови кога се намалуваат проекциите за раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 4% на 3,5%, економски е неоправдано да се зголемува буџетот при што се зголемува и дефицитот кој треба да се покрива со дополнителни задолжувања од 27 милиони евра, или вкупно 327 милиони евра, смета комисијата.
Оттаму велат ова зголемување е неприфатливо посебно заради тоа што се донесува зголемен буџет во отсуство на опозизијата во Парламентот и во очекување на избори наредната година.
На сајтот на Министерството за финансии нема податок за тоа кои ставки во буџетот се зголемуваат што создава сомнеж за целисходноста на овие трошоци кои потоа треба да ги покриваат сите граѓани и бизниси во Македонија.
Комисијата апелира до Владата на РМ на транспарентност во постапката на донесување на буџетот и преиспитување од неговата потреба за донесување.