Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Ама важно – горди

0
By Zoran Ivanov on October 18, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 18, 2025 17:02

Зоран Иванов

Памтетеја и раскажувајте на потомците дека Татковината имаше шанса конечно повидливо и позабрзано барем приближно да фати чекор со старата европска цивилизација.

Еве, нека е не со нејзините политички често сомнителни принципи ами бар со нејзините цивилизациски и културолошки вредности.

И полека, по примерот на повеќето држави наши соседи, да се измолкнува од ова историско па, и од ова со истории обременето балканско блато.

Во таа намера, на својата мини балканска турнеја по уште затуцаниот Западен Балкан, ЕУ премиерката Урсула стапна и во Скопје.

Без сомнеж со најдобра намера.

Со надеж човекот да и’ ја фати, да и` ја разбере ЕУ пораката.

Да му посочи на македонскиот премиер Христијан да го батали тоа за идентитетот.

Да ги батали тие и таквите од него и од неговата избраничка, измислени идентитетски гачки.

Дојде да потсети да чкртнеме уште една чртка по нашиот устав, по уставот на државата Македонија, државата единствена во светот што во своето име го има тој историски атрибут Македонија и државата со народ истоимен и со јазик, исто така, истоимен и уникатен.

Веројатно и со надеж дека ќе го свести дека сите тие идентитетски дребулии на кој тој се повикува, се запишани, со печат заверени и историски депонирани во регистарот на светската организација на народите.

Таму во Њујорк на брегот на Источната Река.

И дека, ако толку сака лист, гарантниот го има таму во ООН.

Дека е таму запишан и дека идентитетот наш македонски е ставен и таму и во тој историски сеф на светската организација на народите.

А не во Брисел.

Во Софија па ич.

Оттука, Хростијан Мицкоски и подржувачите на неговите идентитетски манипулации и поддржувачите негови партиски клиентелисти и уредниците медиумски комформисти и неговите поддржувачи неупатени и посебно поддржувачите молчеливи сеирџии распослани по универзитетите и по коморите и академици заслужни и случајни, запрете.

Запрете со поддршките за манипулациите идентитетски.

Добо знаете дека сме Македонци дури и без гаранциите запишани во ООН зашто не’ имало многу, многу порано и пред воопшто да не’ има во тетратките на ООН.

И пред да ја има и самите ООН.

Нашиот идентитет сме ние.

Урсула Фон дер Лајен, очекувано, дојде во Скопје со празен куфер гаранции и си замина за Брисел, исто така, очекувано, со празни раце македонски развојни перспективи.

Си замина оставајќи го својот домаќин и натаму да си талка по каливите сокаци на најбедната и најнеперсктивната европска држава.

И ние со него.  А и ние по него. Онака топтан.

Ама важно – горди.

зоран иван ов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.