Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Антимакедонските опашки на историското ВМРО закачени за идентитетските опашки на актуелното ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 19, 2025 20:26

Зоран Иванов

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историската ВМРО, легитимен и идеолошки наследник на ВМРО, рече Мицкоски, актуелниот претседател на партијата на одбележувањето 35 години ДПМНЕ.

Па, околу континуитетот.

Разбира ли Мцкоски или се прави дека не разбира дека во тој негов историски континуитет, во континуитетот на ВМРО, во континуитет му се влечкаат историски опашки.

И тоа опашки ВМРО-вски историски регистрирани и евидентирани и како идентитетски македонски и слободарски ама и опашки ВМРО-вски историски регистрирани и евидентирани и како антимакедонски, како негаторски, асимилаторски, пробугарски, врховистички, профашистички.

Тоа е тој континуитет историски на ова ВМРО-ДПМНЕ што на 35 години ДПМНЕ го форсираше актуелниот партиски претседател.

Континуитет историски во кој се влечат опашки антимакедонски.

А таму во публиката на 35 години ДПМНЕ, таму меѓу ракоплескачите на Мицковистичкиот историски континуитет на ВМРО, континуитет на кој уште пледира ова ВМРО-ДПМНЕ, имаше и професори по историја и историчари кои многу добро го знаат и кои уште подобро го премолчуваат континуитетот историски на историското ВМРО.

И така, актуелното ДПМНЕ, нели наследникот на историското ВМРО, со посебен ќеиф си го влече тоа историското ВМРО, си го жвака и прежвакува на секоја своја годишнина, на секој свој јубилеј.

Во континуитет си се турка ДПМНЕ во историските пазуви на вмровскиот врховизам па и на вмровскиот фашизам од времето на првите декади на минатиот век.

Во времињата и во етапите на вмровското врховистичко негирање на македонскиот народен и на македонскиот национален идентитет.

И во времињата и во етапите на тогашното пробугарско, профашистичко и асимилаторско ВМРО.

Тоа и таков историски континуитет негува ДПМНЕ.

Континуитет на и на такво ВМРО на кое инсистираат ДПМНЕ и неговиот претседател.

ВМРО историско македонски и ВМРО историско и анти македонски во кое, по сопствен партиски избор, ДПМНЕ си решило да си ги влече историските вагони на историското ВМРО.

Вагони натоварени и со негирање на нашиот народен и на нашиот национален македонски идентитет.

За таков ли континуитет уште зборуваат во ДПМНЕ и таков ли континуитет одржува и ова најново Мицковистичко раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

И таква ли идеолошка матрица негува ДПМНЕ, таков ли историски континуитет во чии етапи се негира македонскиот идентитет и во кои се виличаат асимилаторите на македонското изворно народно и национално битие.

Па ако Мицкоски вистински пледира ова негово денешно ВМРО да негува автономен и, како што самиот вели, вековен македонски идентитет, тогаш тој не му е во континуитетот историски на ВМРО па дури ниту во континуитетот триипол децениски на ВМРО-ДПМНЕ.

За второво слободно може ЉуБчо да си го праша.

А ако Мицкоски и неговите навистина, како што декларират, се загрижени за македонскиот идентитет, тогаш ич не им треба историскиот континуитет на ВМРО туку им треба актуелен дисконтинуитет со историското ВМРО.

И, наместо што партиски го зграпчиле вмровскиот историскиот континуитет во кој се уште ги лулкаат историскиот антимакедонски врховизам и историскиот антимакедонски фашизам, на ДПМНЕ не му треба историски континуитет туку му треба актуелен дисконтинуитет.

Ова доколку ДПМНЕ, партија толку загрижена за македонскиот национален идентитет, сака и има сили да се ослободи од антимакедонските наслаги на историското ВМРО но и од антимакедонските наслаги што ги влече и ова ДПМНЕ.

Впрочем, наследството историско никогаш не е само розово.

Инсистирањето на Мицкоски и неговите како плот за стап да се држат до континуитетот во кој пред нос им пафтаат и антимакедонски и пробугарски и профашистички опашки, очигледно им е тоа нивен, тамошен внатрешно партиски идеолошки избор.

Но ако во ДПМНЕ, ако Мицкоски и неговите не се Македонци само предизборно тогаш, тогаш треба да појаснат чуму запнале по партиски континуитет со историското ВМРО кое блеска со маркантни национални македонски настани, херои и дејци но во континуитет запнале и по историското ВМРО по кое се влечат и настани, личности и џелати со темни антимакедонски асимилаторски петна.

Освен, освен, се разбира, ако нему, на Мицкоски и неговите, им е токму до нив, до петната.

                                                                            

Зоран Иванов колумна континуитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.