Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

0
By Marija Todorovska on June 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 1, 2025 19:21

Зоран Иванов

Деновиве, по хормонално антикоруптивните активности на се попопуларната скопска градоначалничка, се испокршија новинари, уредници, аналитичари, по инерција и по примерот на пропагандата на ДПМНЕ, за свртување на јавното внимание од центарот, од главната криминална поента кон маргините.

Кон релативизирање на суштината како, на пример, со онаа на релација “кочанска трагедија – модуларна трагедија”.

Па, некако идентично и со ова најновиве аферски бранувања со Данела, Скопје, Чаир, Висар, Меџити.

Новинари, уредници, медиуми, се ставија во улога на железничарски скретничати па темата дивоградби и криминалот со нив, ја прешалтуваат со прашања од типот каде беше Данела досега, што прави со сметот скопски расфрлан, со автобусите бесплатни и нередовни, со водата што се почесто секнува, со … И со слични, секако, прашања легитимни, граѓански.

Но, во случајов со темава “чарски дивоградби”, практично излегува финти новинарски.

Штосеви медиумски за да се заврти јавното внимание од центарот на јавниот интерес.

Да се маргинализира и да се релативизира главната тема.

Да се разводни криминалот од чаирсикте дивоградби.

Да се добие во време за да се задскрие функционерската бизнис корупција.

 

И што новинарски е и најдилетантното, да се амнестираат надлежни институции за евентуални катастарски фалсификати за што обвинува градоначалничката на Скопје, а за што полицијата уште гледа во бело и за што обвинителството уште се прави на триипол.

Па, уредници порталски и уредници останати, да не должам и, еве, кажано и по скопски “да не го тупам”, свесно и наменски или несвесно и по некоја инерција, сеедно, темата за ова активностиве чаирски на Данела, за зградите дивоградби, за криминалите на мафијата политичко урбана, наместо да се насочуваат на сметот, на превозот, на водата, наместо да се релативизираат и замаглуваат профитите од дивоградбите, да се проба и антикорупциски и медиумски и авторски и граѓански, темата за криминалите со зградите диви,  да се врати на магистралата.

На поентата дивоградби и на рефлексијата од нив – корупција, пари, пари, …

Секако витални се и скопскиот ЈСП, и скопскиот Водовод, и скопскиот Комуналец.

Но, во мигов, поентата журналистичка, доколку наводите на Данела се покажат за точни, е во масовната урбано политичка корупција од несфатливи цивилизациски размери.

Затоа, овде само “редакциско” потсетување дека поентата на новинарските напливи деновиве е во дивоградбите, а не во сметот, водата и превозот.

Но вие си знаете и за мотивите и за незнаењето новинарско и уредничко со кое се прави медиумски смут. Со кое се замаглуваат политичко урбаните криминали, во случајов, во скопската Чаир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.