Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Или корекција или, што би рекол Сократ, зарем …

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 3, 2025 23:33

Зоран Иванов

Собранието денеска ја пушти низ вода родителската емоција за трагедијата во Кочани.

А можеа пратениците, мнозинските, елегантно и фер да формираат посебни анкетни за секој трагичен настан одделно.

Вака, политиката пак сурово надвисна над жртвите и нивните семејстава.

Народните избраници денеска ги издадоа, ги продадоа чувствата на родителите и на повредените во кочанскиот пожар.

Мнозинство од партиските робови маскирани во народни преставници, не смогнаа чувства за солидарност.

Не пројавија емпатија за болките на мајките, татковците, сестрите и браќата, на сограѓаните и на сожителите на жртвите од кочанскиот пекол на која му кумуваа одговорни во институциите.

Институции чиј сопственик се тие, пратениците.

И со нивно не реагирање на непочитувањето на законите што ги аминувале токму тие, пратениците, и за чие спроведување, надзорот се токму тие.

И по оваа немила собраниска случка денеска, ајде корекција веќе утре.

Конечно сторете нешто заедно, нешто хумано.

Пробајте.

За почеток, еве, по ова ваше денешна морално фијаско со одлуката да не формирате изолирана, да не изгласате автономна анкетна за жртвите од кочанскиот пожар, за вашето дистанцирање и за вашите еквилибристики со родителските чувства, со нивните трајни болки, со вашето политизирање со шеесет и трите жртви и со двестоте повредени, за вашето игнорирање на јасните барања и на уште појасните пораки од родителите, барања нивни, а обврска ваша и тема службена од доменот на вашата политичка обврска но и тема од вашиот институционален атар што е и правен и морален преседан, има излез.

Има решение за овој ваш денешен и пратенички и политички и личен морален дебакл.

Има можност за поправен веќе утре.

Има.

По ова вашето денеска, имате можност или за радикална корекција на оваа ваша денешна одлука со која ја поништувате актуелно најболната македонска болка или …

… или самораспуштетесе.

Ама веднаш. Уште утре, зашто, што би рекол Сократ: „Зарем не ви е срам“?

 

Зоран Иванов колуимна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.