Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping /  Не бе дечки од ДПМНЕ, полека со предавниците, стратешки партнер ни се САД, а не Трамп

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Се испотресе врвот на ДПМНЕ што прво Орданоски на Канал 5, после и Пендаровски на Сител, им ја џитнаа трампистичката кауза.

Фрчат партиски соопштенија, изјави, квалификации за нови предавници.

Навредени биле САД, нашиот најголем и најзначаен стратешки партнер.

Па добро бе ДПМНЕ, уште ли магли и правови. Завршија изборите.

Впрочем, вие ли ќе бркате предавници. Вие ли кои куп партиски челници со бугарски пасоши и лични карти ви висат на бандерите по селата пирински.

Сменете ја плочата. Веќе не поминува. И не доликува политика со сеење магли, со извртување зборови, со инкубаторско продуцирање предавници, со подметнувања клевети и со повторувања лаги.

Патем, човекот на новото нормално кого некритички го подржувате и величате, всушност ви е анти Американец.

Ќе видите што натаму времето ќе покаже.

Ајде малку повнимателно со слепата поддршка на неговата политика за да не испадне после дека предавници ќе сте вие.

Ајде повнимателно со наклоните спрема политиката на моќникот геноциден кој е подготвен да набрка два милиони деца, мајки и мажи од нивните историски домови во Газа.

Со оној колонијалист што сака да ја поништи Канада, да го окупира Гренланд и да ја приватизира Панама.

Да, да, со истиот тој кој аминува парчосување на Украина.

Тој ли ви е стратешкиот партнер.

Не бе дечки.

Трамп може да ви е партнер стратешки во симулацијата на неговото недемокраско, самобендисано и насилничко владеење.

Нам, на Македонија, стратешки партнер ни се САД, а не Трамп.

Дечки од ДПМНЕ, полека со предавниците.

Значи, нам, на Македонија, стратешки партнер ни се САД, а не Трамп.

Просто, САД, а не Трамп.

 

                                                       

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зоран Иванов не трамп САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.