Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Не, не, дотаму не е можно, би било тоа нечовечки грдо

0
By Zoran Ivanov on March 26, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Не е можно. Едноставно не е за верување дека тоа токму така се случило. Не е за верување дека е точно.

Не верувам на информациите што кружат во јавноста преку социјалните мрежи дека денешната стипендија што како документ во свечена бордо сомотска црвена фасцикла, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан

Мицкоски му ја врачи на младиот средношколец херој од Виница Јован Костадинов кој од опожарената кочанска дискотека извлече дваесет свои врсници и на кои им го спаси животот, не е израз на хуман гест на премиерот или на целата влада.

Момчето само што излезе од болница, владиниот ПР или самиот актер премиерот, наводно, уште само наводно, еве со сите огради, си смислиле досетка.

Си смислиле желбата на колективот Алкалоид во натамошното школување да го стипендира ученикот Костадиновски, да си ја приграби Мицкоски.

А тоа што авторитетната и докажано донаторски хуманата компанија Алкалоид овој чин му го дозволила на премиерот, му ја делегирала својата хуманост, тоа е друга тема.

Фактот што од чинот на врачување на документот за стипендија во владините простории, премиерот си направи ЕПП и што неговите од Пи-Ар продукцијата му стокмија цел маркетиншки спот за да ја прикаже неговата, излегува наводна, хуманост, хуманост со туѓите пердуви, има само еден збор кој, да не биде разбран како навреди, ќе биде употребен при крајот на овој кус текст.

Сега, во овие редови, со сите огради за точноста на информациите што кружат дека стипендијата за момчето херој е донација од вработените во фармацевтската индустрија Алкалоид, а не од премиерот или од владата, само ќе констатирам дека ова денешно наместено врачување на стипендијата од страна на премиерот Христијан Мицкоски, беше чин на гола маркетиншка функција кој ги надмина сите скрупулни граници.

Затоа, ваквите информации ги примам со длабока резерва.

Едноставно, не е за верување дека некој, кој и да е, на кава и функција и да е, какви амбиции и да има, и каков по карактер и да е, може да смисли ваква, најблаго кажано, девијантна употреба на една невидена трагедија и, исто така, да употреби и едно младешко херојство.

И, сето, за некакви свои себични рејтинг политички цели.

Не верувам. Не верувам во толкав квантум лицемерие.

Не, не. Дотаму не е можно.

Би било тоа грдо. Нечовечки грдо.

Алкалоид донација Зоран Иванов Костадинов Мицкоски херој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.