Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Па после ќе си оделе оттука – па си одат

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Вечерва, ТВ спортски извештај од Европската младинска олимпијада во Македонија и репортерот мртов ладен ни соопштува:

„Денеска настапија сите наши репрезентации во групни спортови и сите – загубија“

Не бе колега, децата наши не загубија, загуби државата Македонија.

Загуби системот наш политизиран, загуби чесноста наспроти криминалот децениски.

Пак, потврдено, доби корупцијата наша македонска.

Се сеќавам на времето, на она мое време, кога како младинска репрезентација на тогашна Република Македонија ќе стасавме на натпревар на „Плесо“ во Загреб, на Сињ и на Опатија исто, во Порторож Словенија или таму во ним конкурентната Мурска Собота или на „Лакташи“ кај Бања Лука или на „Бутмир“, Сараево, или во Параќин или на устието на Сава и Дунав во Белград или исто таму ама на „Лисичји јарак“ кај Падинска скела, или „Липањ“ кај Приштина па во Титоград, или во уште куп места по тогашна Југославија, кога ги подслушнувавме полугласните реакции на членовите на тогашните републички репрезентации од типот „Стигли су Македонци“.

Сакаа да кажат „Дојдоа Македонците пак да ни ги соберат медалите“.

Тоа така и се случуваше.

Мојата генерација, во таа пресилна југословенска конкуренција, пет пати едно по друго бевме младински прваци на тогашната држава.

Бевме респектирани. Учеа од нас.

Ама имавме систем без партии и без вујковци владики.

Имавме само два критериума – посветеност и резултати.

Само тоа.

А спортскиот ТВ репортер вечерва извести:

„Денеска на Европскиот младински олимписки фестивал во групни спортови настапија сите македонски репрезентации и – сите загубија“.

Не. Не загубија децата.

Загуби државата Македонија, загуби политиката која не изгради систем.

Изгради автархија, изгради анархија, создаде корупција, промовира вредности што ги диктира криминалот.

Во еден ваков државен амбиент, тој и таков систем, на Европскиот младински олимписки фестивал, доживеа крах.

Не спортски. Доживеа крах институционален.

Крах воспитно вредносен во кој неделава ги втурна и нашите млади ентузијасти.

Па после, нашите талентирани ама и фрустрирани деца, ќе си оделе оттука.

Па си одат.

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.