Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Радев и Мицкоски како селски тетки преку плот

0
By Zoran Ivanov on November 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 27, 2025 16:27

Зоран Иванов

Во случајот „Перев“ и двајцата функционери, Радев и Мицкоски се однесуваат како селски тетки преку плот кои едвај да чекаат да се зачепкаат за нешто. Веќе видена приказна, истрошена. Забава за јавноста бугарска и, да не останеме и ние должни, и за овде за нашата македонска.

И не само тоа, бугарскиот претседател ја активираше целата негова дипломатија за некаков, се чини вербален или, колку што може да се забележи од реакциите по медиумите, и благ физички инцидент кој колегата Перев, го знам човекот, фин, сталожен, интелигентен, можел елегантно да го изигнорира провокаторот.

Но ете и тој како да чекал пак да се растурат пердуви на нетрпение меѓу Бугарите и Македонците и целата оваа ујдурма нема никаква врска ниту некаква допирна точка со нашите евроинтеграции, туку само уште малку прав колку да го до замагли овдешното евро расположение.

И нема потреба ниту премиерот ниту било кој политичар од овде „да жонглира“ на оваа и на слични теми. Прво е несериозно и смешно. Маалски речник не доликува на политичари на високи и на одговорни функции.

Ншиов, божем, го надитри Радев.

А и тој пак оттаму, тој Радев. Претседател на ЕУ држава, исто по балкански недозреано на нерасчистен, на не докрај расветлен случај, од мравка прави слон. Демек „ни ги малтретираат нашите таму“.

Ете со што се занимава и македонскиот и бугарскиот државен врв. Со маалски надмудрувања.

Под секое политичко ниво е таа и таква јавна, уште и меѓународна дипломатска комуникација. Инфантилно малку.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.