Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Слобода за Илинден!!

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 30, 2025 12:00

Зоран Иванов

Досаден сум веќе со, во ова в реме, поракивве години наназад содржани и во вакви текстови, но ајде и за овој Втори август пак.

Всушност, за овој Втори веќе предоцна.

Вртелешката од претседатели – државен, собраниски, владин, е веќе соопштена и граѓаните веројатно и годинава со нетрепение, со многу нетрпение ги очекуваат на Мечкин Камен, на Пелинце, во Скопје па и во Ташмаруниште.

Во пресрет и на годинешниов Илинден ептен се нестрпливи да ги видат првите луѓе на државата и посебно со многу внимание да ги слушнат нивните исти реплики од лани, од преклани, од оломлани и годиниве плурални години наназад. Па и од пред тоа.

Да ги слушнат истите демагогии со кои израснаа илинденски генерации македонски граѓани.

А, всушност, да не им се партиските подржувачи по задача, говорите поводни, нели празнични, само пред националната ТВ ќе ги читаат. Само пред камерите на МТВ.

Затоа, еве пак, малку прикочете со функционерскиот рингишпил за Илинден, за тој голем македонски и семакедонски државен празник.

Запрете да се вртите во круг со истите банални говори срочени од пишувачите во вашите кабинети.

Дбро, одвреме навреме поинвентивните им уфрлуваат и малку реторика па и и по некоја досетка или комитски цитат колку да се испровоцира и по некое ракоплескање, колку бар малку од малку, да се разбие монотонијата од предолгите говори во кои од година во година главната поента им е обединување и, при тоа, никоако да прецизираат за кое, за какво, околу што обединување освен како што алудираат, обединување само околу нивните позиции кога се на своите актуелни позиции.

И престанете по планите да ги влечкате тие ваши габаритни, гломазни и смешни бирократски говорници сосе микрофоните. Не ги личи на отворено. Ниту ним, ниту вас зад нив.

Туку, да не избегам од поентата на темава.

Навистина баталете тоа говорите досадни. Веќе никој не ви ги слуша. Никој.

Имате и позиција и моќ и пари за нови форми на одбележување на празникот.

Баталете тоа кабинетските пристапи. Де-мо-де се. Прашајте го и ЏПТ и тој тоа ќе ви го каже. Ајде нешто поинвентивно, посовремено, помладешки.

Функционерски исчекорите, отстапите од Илинден.

Доволно го узурпиравте. Ослободетего Денот. Ослободетего Илинден од вас.

Барем на најголемиот празник на македонската држава, поштедете од лицемерни пораки за некакво национално обединување кое ниту самите го посакувате зашто си знаете дека не би умееле со обединети граѓани.

Затоа, ајде, ако за годинава е прекасно, видете за натаму. Наслушнете го гласот на луѓето и запрете со партиските узурпации на Илинден.

Запрете овој историски, овој светол ден да го употребувате како алатка за вашите лични и партиски рејтинзи.

Славењето на празникот отстапете им го на граѓаните.

На младите посебно.

На нивниот ентузијазам и на нивните вистински пориви за дружење, за заедништво, за обединување преку музика, игра, спорт.

За народни и младински музички и други национални и мултикултурни содржини без партиските нишани и без вашите партиски војници.

Наместо зад говорниците, симнете се меѓу граѓаните, во публиката, нели со народот, нели сплотени.

Тој и таков амбиент посакуваат и заслужуваат сите што на 2-ри август, на големиот Ден на Републиката, за Илинден `903-та и за АСНОМ `44-та, не партиски, туку граѓански и искрено патриотски посакуваат да дојдат на Мечкин Камен, во Пелинце, Скопје, Трново …

Илинден е на Илинденците и на Асномците и им припаѓа на граѓаните.

Слобода за Илинден!!

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.