Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Стратешки партнер не ни е Трамп – стратешки партнери ни се САД

0
By Zoran Ivanov on January 18, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 18, 2026 14:30

Зоран Иванов

Македонија нека не спие на картата од типот дека нашата надворешна политика е усогласена со таа на ЕУ како што деновиве зачестено верглаат од власта.
Ово посебно кога таа на ЕУ е политика без став или е политика на нејасни дневни пелтечења за Трамповите агресивни дипломатски, царински и воени хирови и кога не можат да погодат кое утео на која нога Трамп ќе стане и ако не можат дневно да се справуваат со неговите препотентни, тривијални и меѓународно неправни одлуки и со неговата пузли политика.
Но Македонија, токму како мала, немоќна и во глобалниве случувања невлијателна земја, има право и треба да може да има свој автономен и уникатно правичен став.
Треба навреме да се дистанцира од агресивното однесување на
Доналд спрема помалите и послабите.
Нашиот надлежен троец во ликовите на претседателката, премиерот и министерот за надворешни, на темава Трамп и неговата политика, неминовно, гледано и историски, треба да разберат дека Трамповите политики се неодржливи, дека се дејства со краток здив.
И дека неговата политика е политика на која бргу, сеʼ погласно и сеʼ помоќно ќе почнат да иʼ се спротивстават се уште жилавите демократски капацитети во самата САД но и во Европа и насекаде по светот зашто, на подолг рок, Трамповата американска политика која во својата суштина и не е американска, кај и да е, ќе доживее фијаско.
Затоа, наместо да се задскрива зад, нели, усогласената надворешна политика со таа на ЕУ, нашиот надлежен троец, во делот за Доналд Трамп, е добро да се изјасни со автономен македонски став и на темата Трамп, бргу да излезе од редот на Трамп.
Да излезе од редот на Трамповата колонијалистичка доктрина на владеење од позиција на моќ и да се нареди во редот каде што ние природно припаѓаме.
Во редот на меѓународното право.
Надворешната колонијална па и политика со нагласена доза на агресија на Доналд Трамп, не е автентичната американска надворешна политика и затоа неговата не смее да биде и наша македонска надворешна политика.
Оттука, би било препорачливо, македонскиот функционерски троец од погоре, така како што гордо влезе, сега бргу и уште по гордо, да излезе од редот на Трамп.
Да го напушти периметарот на непредвидливоста па и на непресметливоста на актуелниот претседател на САД кому, впрочем, мандатот не му е вечен па ниту ќе му е вечна и оваа негова уникатна надворешна политика.
Да го напушти и да го соопшти тоа јавно и гордо за светот да не`слушне.
Македонија да го пресретне времето на пост Путиновата и на пост Трамповата ера и за скорешното предвидливо време, на државата и на нацијата да и`обезбеди чист образ.
Да направи потег што демократскиот слободарски свет ќе го памети и кој историјата ќе го забележи.
И пак, од насловот – стратешки партнери нам ни се Соединетите американски држави, САД ни се, а не Доналд Трамп.

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.