Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Уште колку пати нејзиниот директор ќе си ја слизнува престижната ТВ Канал 5 кон моралното дно

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 21, 2025 16:23

Зоран Иванов

ТВ Канал 5 израсна во респектиран, отворен и достапен информативен медиум за плурални мислења, посебно во неколкуте информативни дебатни емисии како што е Само вистина и во четврточните интервјуа на нејзиниот Главен уредник со индивидуи и теми, главно од македонскиот политички живот.

Во вчерашното Само интервју, гостин и интервјуиран соговорник беше Сашо Орданоски, д-р, професор, долгогодишен афирмиран новинар, уредник и медиумски основач.

Очекувано и во нему со години својствен стил на јавни настапи, стил мошне добро познат на уредувачкиот тим на конкретната телевизија, Орданоски даде свои објективни или еве, нека се субјективни, па и негови најсубјективни оценки за пост Трамповата Америка и светот, онака лефтерно, отворено и во негов стил театрално, ако сакате, за мој вкус дури и прегаламџиски.

Педесетина минути и нешто Орданоски пред гледалиштето, но и пред искусниот водител кој не успеа доволно да му парира на својот соговорник, редеше за некого аргументи, за некого можеби квази аргументи, сеедно, редеше факти, за некого прифатливи, за некого не.

Слобода на изразување, уставна нели. И во таа и таква уставна слобода во исто така нели, слободна ТВ, Орданоски, со сиот свој децениски либерален, демократски и слободарски ментален габарит, онака на купче ги собра тоталитаристите Путин и Трамп.

Ги направи бербат.

Првиот, за руската инвазија врз Украина. Вториот, за сервилниот однос спрема рускиот претседател и за понижувачкиот однос спрема украинскиот.

И за уште многу актуелни ситуации во сличен стил излетаа низ етерот како, на пример, за тоа што мајка бара македонскиот премиер во САД со буџетски пари на партиски средби таму итн. итн.

Па нели слободна ТВ, нели слобода на јавно искажување на мислата, нели устав и бла, бла. Не се опишува или бара време да се раскаже интервјуто и настапот на Орданоски на Само интервју. Кој ќе сака да си го изгледа, ќе си го најде на интернет.

А тоа што е поводот за овие lu-ping редови е денешната шокантна реакција на директорот на телевизијата Иван С. Мирчевски на интервјуто кој, не лична, туку објави службена изјава на Канал 5 телевизија.

Службен, веројатно веќе и архивиран документ во, како за рубрика „верувале или не“, во еден од неколкуте цитати стои:

„Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД.“

Пазете, најголем стратешки партнер. Па САД или Трамп?

Не разбирам. Еве уште еднаш: Кој ни е најголемиот стратешки партнер – САД или Трамп?

На телевизискиот директор не му е првпат со вакви и слични реакции или попрецизно, со вакви и слични испади.

И сега клучната дилема: Орданоски го навреди Трамп или Мирчевски ја навреди медиумската слобода?

Мојот одговор се насетува низ горните редови.

Туку, ако го искарале како што наликува, тоа е веќе друга тема за другпат.

Но сега прашањето ми е: Уште колку пати нејзиниот директор ќе си ја слизнува престижната ТВ Канал 5 кон морално дно?

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.