Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Вода и одвод и воздух и трева и смет и …

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 4, 2025 23:54

Зоран Иванов

Навистина луда работа.
Не знам дали некој од надвор од земјава гледа што се случува со кампањава за Чешиново – Облешево, за Желино, Чашка и сличните па и за Прилеп, Тетово па
еве дури и за Скопје.
Ако само во овие неколку дена ги собереме ветувањата на кандидатите, ако им ги претвориме во пари за реализација на проектите што ги најавуваат, ветуваат, …
Не знам.
Еве, само за пример, има еден од ТВ кандидат, онака впечатлив и од Центар и за Центар. Дечкото ветува Зеленото пазарче, она меѓу државното собрание и македонскиот Црвен крст, ќе го правел два ката под земја и три ката над земја и не кажува дека прво, пазарот е на приватна компанијаи и, второ, дека за да го направи тоа ќе му требаат, на пример, скоро сите пари од унгарскиот кредит.
Натаму, другите, ќе правеле базени, булевари, илјади километри велисипедски патеки по сите општини.
Веројатно ова со точациве е некој еко тренд.
Натаму, некои ќе граделе градинки, школи, домови за млади, за стари, за …
Па овие за Скопје булевари, гаражи, вавилонски кули, семирамидини градини …
Па добро бе партии и кандидати, од каде толку пари?
Кого зезате со ова спотовиве и со ова митинзиве.
Туку, додека не ве вјасале изборите, забавете малку.
Спуштете тоа топката зашто веќе ептен заглибувате во надреалната, во фиктивната зона.
Судијата што на 19-ти ќе свирне офсајд, веќе ве прочита.
Немате пари ниту за 2.2 % од ветувањата.
Навистина, зарем ич не ви е непријатно кога ова го порачувате во вашите кампањи?
Но, како сакате.
Моите скромни сознанија за потребите на граѓаните се дека ужасно недостасуваат и градинки и велосипедски патеки и паркови и луна паркови и контејнери и способни јавни служби и …
Но и дека знаат дека сега, во овие околности во кои земјава, државава ни Македонија, е на последото место во Европа, на последното и по плати и по стандарди и по продуктивности и по примитивности, скромно посакуваат барем да го сторите тоа што реално можете.
А, белким, можете бар да средите ова со сметот.
Да го соберете ѓубрето тоа да не завршува пред преполните контејнери.
Да ги испоказните сите учесницио во урбаниот неред.
Да ги затворите сите кафулиња и сите крчми кои на крај од денот тоа што им останало од шанковите и од кујните, го оставаат пред контејнерите за гозба на уличните миленици.
Да ги регистрирате сите што сметот го го депонираат диво и сите што градежниот шут го истураат каде што ќе им се ќефне.
И видео да ги снимите фаците на тие кои во вашите општини прават диви депонии и да ги прикажете јавно на општинските портали онака како што МВР ги објавува педофилите.
И, во таа насока, и да не’ дисциплнирате сите за да го изолирате дивото трошење на водата за пиење и да ја средите фекалната инфраструктура за децата по руралните општини повеќе да не фаќаат дифтерии.
Тоа.
Тлку.
Просто.
Ако само тоа го ветите, само тоа што е во вашата надлежност и само тоа за што имате пари, ќе бидете изгласани.
И ако само тоа го остварите, ќе битете пак, и пак, градоначалници.
И ако за сево ова немате надлежности, ете за тоа помолетеги вашите партиски ментори, за тие нешта да покренат законски адаптации.
Не е мое но …
Но додека не се заборавите во ветувањата и во рекламирањата, ајде „лу-пинг“ во кампањата.
Локални избори се.
Исзбори се само за нашиот двор, само за нашата улица, само за нашите маала, квартови.
Ајде бар малку бидете, да бидеме соте малку еко Словенија за децата да не ни фаќаат дифтерии од бунарските води.
Можете ли бар тоа?
Белким толку пари има во буџетите општински.
И, ајде, ескивирајте од тоа темите партиски.
Од лажните идентитетски, од лажните блеферски на вашите партиски шефови.
Отстапете од таквиот вокабулар.
Локалните не се темата за таквите теми.
Преспијте, преслушајтесе и ако бар толку не можете да се одвоите од млекото на вашите партиски мајки, чесното е да си отстапите.
Да им кажете фала на вашите партиски шефови.
Да ги замолите да не ги заматуваат локалниве со нивните гео стратегиски глупости.
И да ве остават на само со граѓаните зашто елементарната егзистенција за овие избори не се измислените идентитетски и сличните национални меѓупартиски дребулии, туку реалните катадневни потреби на луѓето преведени во здравата вода, во функционалниот еко одвод, во не загадениот воздух, во зелената трева, во безбедните улици и во нашите чисти и урбано средени јавни простори.

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.