Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Впрочем, и така и така, нашиве горди ептен гордо се набилдани со „гражданства” благоевградски и со „паспорти” бугарски

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 5, 2026 18:40

Зоран Иванов

Пак нашиве манипулураат на тема “јазикот”, а медиумите ко мулиња им премолчуваат.

Точно е дека бугарската страна не го признава нашиот македонски ама точно е дека и ние не го признаваме нивниот бугарски.

За ова имаме со нив договор меѓудржавен од 1999 во кој стои:

“Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на двете земjи – бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при што двата текста имаат еднаква важност”.

Значи, вин-вин или фит-фит, како сакате, си ги признаваме уставите меѓусебно ама меѓусебно не си ги признаваме јазиците.

Тие НЕ за македонскиот, ние НЕ за бугарскиот.

Договорот, сега засасега е таков.

А тоа што бугарската страна идентитетски се уште се обидува да манипулира во ЕУ и што, евидентно, тоа во ЕУ се помалку иʼ успева или што со Рамковниот веќе ич не иʼ успева, е тема за Брисел.

За Брисел.

Таа тема за јазикот, за идентитетот, веќе одамна не е тема ниту за Софија ниту за Скопје.

Сега, по Францускиот, таа тема е ексклузивна обврска само за Брисел.

И затоа, нашиве демагози од власта, конечно ЕУ чарето треба да ни го бараат во Брисел и да запрат да неʼ туркаа во скутот на Софија.

Но ако пак наместо за ЕУ патот под нозе си го фатиле за натаму, не знам, можеби затоа што, нели, крв не е вода, натаму и за таму, нека си одатама самите.

Без нас Македонците туку, натаму, само самите.

Впрочем, и така и така, и според бугарските медиуми кои инфото го црпат од бугарските власти, нашиве горди, ептен гордо се набилдани со “гражданства” благоевградски и со “паспорти” бугарски па тој и таков пат, ете, некако баш ептен природно им лежи.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.